120 години автомобили Опел – од машини за шиење до СУВ уживање (ВИДЕО)

Германскиот производител на автомобили , Опел , следната година прославува 120 години од постоењето.

Адам Опел во 1862 отворил фабрика за производство на машини за шиење, потоа во 1886 фабрика за велосипеди , аво 1899 е направен првиот автомобил.

По излегувањето на берза во 1929 компанијата набргу ја презема Џенерал Моторс , кој раководел со Опел речиси 90 години , се до продажбата на француската групација ПСА во 2017.

Опел низ историјата е познат по моделите Doktorwagen, Laubfrosch и Kadett, а како главно обележје е примената на нови технологии.

Откако ги послушала советите на своите синови Карл , Вилхелм и Фридрих , по четири години од смртта на сопругот Адам , Софија Опел во 1899 решила фабриката да почне со производство на автомобили .

Во гаражата во Риселсхајм на Мајна рачно биле произведени првите 65 автомобили , за до денес да се произведат над 70 милиони возила.

По бројните автомобилски хитови низ децениите , Опел денеска се гордее со најновите СУВ медели Crossland X и Grandland X. Удобните и ергономични седишта на овие модели се поврзуваат со првото произведено возило ,,System Lutzmann’’, кој е прв автомобил во историјата со кожни седишта.

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

Помалку од час до затворањето на гласачките кутии – мирен и без инциденти изборен круг

Од аналитичкиот центар на канал 5 одиме во скопско влае, каде, како и на три и пол илјади избирачки места привршува гласањето..

Сандра Спасовска ја имаме во живо.. Сандра, можеме ли да се процени - дали интересот за гласање попладнево е поголем отколку претпладнето..

притисни ентер