Палмер по средбата со Заев : Двотретинското мнозинство е историска пресвртница

Историска пресвртница е гласањето во Парламентот за почеток на уставните измени во согласност со Договорот од Преспа, оцени заменик помошникот на Државниот секретар на САД Метју Палмер по средбата со премиерот Зоран Заев.

Палмер уште еднаш ја нагласи поддршката на САД за Договорот од Преспа, кој, според него е од суштинско значење за Евроатлантската иднина на земјата. На патот кон ЕУ и НАТО, македонското раководство и македонскиот народ може да сметаат на пријателството и поддршката од САД, рече тој.

Инаку во текот на денот Палмер се сретна со сите лидери на парламентарните партии, освен со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски..

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

притисни ентер