Шапуриќ претседава со Регионална конференција за одржлив развој во Албанија

Во организација на холандскиот  институтот EWPP, во Тирана се одржува Регионална конференција за одржлив развој за земјите од Западен Балкан. 

На конфeренцијата учествуваат претставници на централните и локалните институции, на експерти и на невладиниот сектор од Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Со конфернцијата претседава министерот Зоран Шапуриќ, кој во своето воведно излагање ја потенцирал мултидимензионалноста на одржливиот развој, кој ги покрива и секторите на економија, животна средина, социјална правда и образовоние, како и важноста на интергенерациски пристап во креирање и реализирање на политиките поврзани со одржливиот развој.

– Регионалната соработка и заеднички активности на земјите во регионот е мошне важна за унапредување на активностите во областа на одржливиот развој, рекол Шапуриќ, соопштија денеска од Кабинетот на министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија. Исто така, тој истакнал дека Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев е силно посветена на унапредување на односи во сите сфери, со сите земји во регионот, што веќе дава конкретни резултатит пред сè во економската сфера.

На конференцијата претставниците на сите држави ја истакнале важноста на евроатланските интеграции. Истовремено тие упатиле честитки до граѓаните на Македонија, до македонското Собрание и македонската влада за интезивирање на активностите за стекнување со полноправно членство во Евроската Унија и во НАТО.

За време на конференцијата Шапуриќ остварил повеќе билатерални средби меѓу кои и со д-р Орнела Чучи-заменик министер за животна средина и туризам; проф. д-р Арбен Малај-член на советот на Народната банка на Албанија и поранешен министер за финансии и министер за економија во Владата на Албанија и со проф. д-р Џил Адлер-професор на Универизтетот во Утрехт и Универзитеот Вебстер и воедно директор Холандскиот институтот EWPP.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

Герасимовски: Решен децениски проблем на улицата ,,Наум Наумовски Борче"

Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче".

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.

Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.

На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.

„Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми", им се обрати Герасимовски на собраните жители.

Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.

Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

Општина Центар

Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел искажа голем респект кон Реал Мадрид, противникот на Баварците во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони. 

- Се надевам дека неколку играчи ќе ни се вратат назад во тимот, ќе имаме алтернативни опции и полна клупа. Во однос на тимскиот напор, подготвени се сите да се жртвуваат и заедно да ги издржиме тешкотиите. Нема друг начин да се игра на ова ниво.

Полуфиналето ќе биде сосема поинакво бидејќи стилот на Реал Мадрид е сосема поинаков од оној на Арсенал. Не сум го гледал премногу Реал Мадрид оваа сезона. Ова е еден од најтешките можни противници. Ќе играме во полуфиналето против најголемиот клуб во светот.Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и се надеваме дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Тухел.

Во четвртфиналето, Баерн Минхен го совлада Арсенал (2:2, 1:0), а мадриѓаните го совладаа Манчестер сити (3:3, 1:1, 4:3 по пенали).

притисни ентер