Могерини и Хан ја поздравија одлуката за пристапување кон уставни измени

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан преку заедничка изјава ја поздравија одлуката на Собранието за пристапување кон измена на Уставот.

,,Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија направи многу важен чекор кон спроведувањето на Преспанскиот договор преку гласањето за започнување на процедурата за уставни измени. Сега очекуваме националните процедури за спроведување на договорот да продолжат без одложувања, кон усвојување на уставните измени.

Европската унија силно го поддржува историскиот договор потпишан од премиерите Заев и Ципрас во јуни. Потребна е политичка храброст, водство и одговорност за решавање на еден од најстарите спорови во регионот. Оваа одлука беше потврдена со гласањето во Парламентот.

Ова е навистина единствена можност за решително поместување на земјата напред на патот кон Европската унија, како и за помирување во регионот. Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата, сите нејзини граѓани и нејзините институции, наведуваат во заедишката пишана изјава Могерини и Хан.

Кинескиот претседател пристигна во Италија- ќе потпише договор вреден милијарди

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пристигна во Италија , со што ова е првата европска земја што ја посетува годинава.

Во текот на посетата се предвидува кинескиот претседател да потпише договор со кој Италија се воведува во кинеската инфраструктурна иницијатива ,, Еден појас , еден пат” .

На оваа иницијатива остро се противеа Соединетите Американски држави. Италија е во потрага по нови извозни аранжмани со цел да ја зајакне својата заслабена економија.

Со овој договор Италија ќе стане прва од групата седум најразвиени земји во светот (Г7) , која ќе се придружи на проектот вреден повеќе милијарди долари , а кој во најголем дел е осмислен за да ја олесни надворешната трговија на Кина.

Во Украина запленет кокаин вреден 45 милиони евра

Во пратка со банани во пристаништето во Одеса, украинската полиција запленила кокаин вреден 45 милиони евра.

Пратката со кокаин стигнала запакувана на товарен брод што пристигнал од Јужна Америка.

,,Брзата анализа покажа дека станува збор за кокаин. Запленети се 257 килограми , чија вредност на црниот пазар изнесува 45 милиони евра.” , се наведува во соопштението од украинските власти.

Дрогата скриена во бананите , била наменета за европскиот нарко пазар.

Се зголемува бројот на жртви во потонатиот траект во Ирак (ВИДЕО)

Во несреќата на реката Тигар во ирачкиот град Мосул , каде се преврте траект настрадале 83 лица.

Ирачките власти соопштија дека најголемиот број од загинатите се жени и деца , кои не знаеле да пливаат. На траектот имало над 100 лица , кои тргнале на прослава на курдската нова година и на првиот ден на пролетта.

Причина за несреќата е претовареноста на траектот , кој пловел преку реката Тигар. Полицијата привела девет лица , кои организирале патувања со траект преку реката.

притисни ентер