Мицкоски: Денеска е најцрн ден во историјата на Македонија

Денеска е црн петок , најцрн ден во историјата на Македонија , рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на прес конференција по изгласувањето на потребата од донесување на Уставните измени . Седумтемина пратеници се исклучени од партијата.

Мицкоски рече дека биле ветувани пари на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ , дека било нудено ослободување од обвиненијата. Наместо Собранието да биде храм на демократијата , стана место во кое се киднапира од , како што рече ордите на Зоран Заев. Тој им изрази почит на пратениците кои одолеаја на притисоците и гласаа согласно партискиот став.

Денот се претвори во лов на пратеници, рече Мицкоски. За седумтемина пратеници , кои гласаа за , Мицкоски рече дека по вонредната седница на Иззвршниот комитет било решено Крсто Мукоски,Елизабета Канчевска-Милевска,Емилија Александрова,Љубен Арнудов,Зекир Рамчимовиќ,Нола Исмајловска Старова и Сашо Василевски да се исклучат од партијата.

,,Јас како човек не можам да ги оправдам , но тоа не е важно.Како ќе ги оправдаат семесјствата , татковината , нивната постапка. Знам дека дел од нив се соочуваат со сериозни обвиненија , пред се од СЈО , но обврската на пратеникот е поголема од било која закана.” , рече Мицкоски.

,,Овие седум пратеници , кои постапија спротивно од партискиот став , кој беше едногласно донесен , ме разочараа мене , а ја разочараа и партијата и татковината и со тоа ќе треба да живеат.”.

Димитров: Груевски успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава

Никола Груевски е тој кој што успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава за време на неговото владеење, како што беше посочено и во извештајот на Европската комисија од 2016 година, напиша министерот Никола Димитров. 

,,Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме телефонските разговори кои беа објавени во 2015 година, а кои индицираат огромни злоупотреби на функциите, изборни измами и корупција. Помислата дека авторитaрен владетел, кој оставил зад себе такво наследство, а сега осуденик, од земја кандидат за членство во ЕУ ќе бара спас од раката на правдата во земја членка на ЕУ, не може воопшто да се проголта.

Да не го заборавиме и податокот дека, како поранешен премиер, тој исто така користеше и полициско обезбедување составено од полициски службеници кои самиот ги одбрал, коешто ги прави наводите за постоење закани кон неговата лична безбедност целосно лажни, се вели во пишаната изјава на Димитров, околу последните случувања поврзани со екс-премиерот Никола Груевски. 

Мицкоски: Бегството на Груевски не го оправдувам, тоа не е опција

Со став на Фејсбук се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.. Политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт.

Имаме киднапирана држава каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет.

Иако притисокот, поточно прогонот кој го прави власта е политички мотивиран и е евидентен и многу јасен, самиот потег на бегство не го оправдувам, и тоа не е опција особено што други лица и нивните семејства ќе ги трпат последиците од таквата постапка, напиша Мицкоски меѓу другото на Фејсбук..

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план за бегство на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира лагите и манипулациите искажани од устата на портпаролот на единствениот политичар три пати аболициран за тежок криминал, Зоран Заев, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план со кој што му е овозможено на Никола Груевски да избега од Македонија.

Аболицираниот Зоран Заев и министерот за прогон и терор Оливер Спасовски завчера точно знаеја дека Никола Груевски не е во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Знаеја, но одлучија политички да ја злоупотребат полицијата и институциите, да запираат легитимираат и претресуваат членови и активисти на партијата со намера да ги заплашат.

СДСМ и аболицираниот Зоран Заев и Оливер Спасовски го допреа дното.

Двајцата мора да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирањето на институциите и разорувањето на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Никола Груевски, тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Така се загрозуваат и другите лица кои исто така се цел на тој прогон. И тоа се покажа, притворањето на дел од овие лица е дефокусирање од неспособноста на Заев и министерот за прогон и терор, Спасовски. Нивното притворање е политичка казна, а не правна санкција кон луѓе кои редовно и ревносно ги исполнуваа обврските кон судот.

Ишкањето на мувата од капите на Заев и Спасовски не и помага на Македонија и на правниот систем. Двајцата како лидери на криминалниот картел на власт мора да си заминат што поскоро, се наведува во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ. 

притисни ентер