Конечно осудена банда педофили – најмладата жртва имала 11 години

По неколку годишна судска процедура банда од 20 силувачи на девојчиња е осудена на вкупно над 220 години затвор.

Судот во англискиот град Лидс ги осуди членовите на бандата , која со години силувала девојчиња. Водачот на групата , Амере Синг Даливал (35) е осуден на доживотна казна затвор , додека другите членови добиле затворски казни од 5 до 18 години затвор.

Тие одговараа за 120 кривични дела на штета на 15 девојчиња. Најмладата од нив имала само 11 години , кога била силувана од бандата.

Тие во периодот од 2004 до 2011 силувале , малтретирале и киднапирале деца, ги терале на проституција , а ги намамувале девојчињата со дрога и алкохол.

На судот сведочеа 15 жртви , а судијата рече дека ниедна од нив нема да се опорави од последиците од малтретирањето. Биле искористувани бели девојчиња од страна на членовите на бандата од пакистанско потекло , а според медиумите , вакви силувања има и во другите британски градови.

Борусија е подготвена за Санчо да му плати 35 милиони евра на Манчестер јунајтед

 Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, кој е позајмен од Манчестер јунајтед, може да остане во германскиот клуб, пишува новинарот Флоријан Плетенберг.

Дваесет и тригодишниот Англичанец би сакал да остане во Дортмунд. Раководството на клубот исто така е задоволно од играчот и е подготвено да плати до 35 милиони евра за целосен трансфер.

Бундеслигашот од Дортмунд го позајми Санчо од Манчестер јунајтед во јануари 2024 година. Фудбалерот на осум натпревари постигна еден гол и две асистенции.

Санчо играше за Дортмунд од август 2017 до јули 2021 година пред да се пресели во Манчестер јунајтед за 85 милиони евра.

Порталот „Трансфермаркт“ моменталната вредност на играчот од средниот ред ја проценува на 25 милиони евра.

Американската армија уништи дронови и проектили на Хутите во Јемен

Американската армија вчера изврши напади врз беспилотни летала, проектили и контејнери за складирање оружје во областите на Јемен под контрола на Хутите.

Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека „успешно ангажирала и уништила седум противбродски проектили, три беспилотни летала и три контејнери за складирање оружје во областите во Јемен контролирани од Хутите во самоодбрана.

- Утврдено е дека ова оружје претставува непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Хутите од почетокот на војната во Појасот Газа ги напаѓаат израелските, американските и бродовите на други држави во Црвено Море, со цел да се стави крај на израелските напади врз енклавата.

Поради континуираните напади на Хутите, големите бродски компании сè повеќе ја избегнуваат најкратката поморска рута меѓу Азија и Европа. Неколку западни земји, вклучително и САД и Велика Британија, почнаа операции за заштита на бродовите во регионот како одговор на нападите на Хутите. Европска Унија, исто така, почна воена операција за обезбедување на трговските бродови во Црвено Море.

„Гответе со Дракче“ - Риба во зеленчук

Во понеделник (18.03.2024) во емисијата гостин ни беше Бобан Цаневски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. риба

2 зелени пиперки

3 црвени домати

2 млади кромитчиња

масло за јадење

брашно, сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер