Рудар без храна и вода преживеал два дена во напуштен рудник полн со змии (ВИДЕО)

Рударот Џон Вадел (62) , кој трагал по злато , паднал во напуштена јама полна со отровни змии и ги скршил двете нозе.

Рударот два дена преживеал без вода и храна во напуштеното окно на рудникот во Аризона. Според спасувачите, додека чекал да биде изваден од окното , тој успеал да убие три отровни змии.

Тој пропаднал во дупка длабока 30 метри , кога му се скунало јажето со кое сакал да се симне и да го пребара напуштениот рудник во потрага по златна руда.Немал вода , ниту храна и бил спасен дури по 48 часа.

Самото спасување на рударот траело шест часа. Тој имал среќа што во понеделникот , пред да тргне во потрага по злато м у кажал на неговиот пријател ако не се врати во вторник , да го побара.

Откако Тери Шредер видел дека Вадел не е дома, ги алармирал спасувачите. Напуштениот рудник се наоѓал на имотот на рударот на 145 километри северозападно од градот Феникс во Аризона.

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира" ќе гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот  ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар.

притисни ентер