Луксузниот Форд ќе се произведува на барање на потрошувачите

Форд објави дека ќе го продолжи производството на својот супер  спортски модел GT  , бидејќи се преплавени од барања од потенцијални купувачи.

Американскиот производител најави дека на 8 ноември повторно ќе ја отвори книгата со нарачки за Ford GT. Беше донесена одлука да се изработат уште 350 возила, така што вкупниот број ќе изнесува 1 350 , а не илјада како што е планирано. Компанијата Форд еднаш веќе ги послуша купувачите и од 500 возила на суперспортскиот автомобил во 2016 одлучи нивниот број да биде 1 000.

Од Форд ги известуваат нетрпеливите купувачи дека возилата што ги нарачале сега , ќе ги добијат во периодот од 2020 -2022 година , зашто дури тогаш ќе почне производството на дополнителните 350 автомобили.

Супер спортскиот модел има 3.5 литарски EcoBoost V6 со 656 ks (482 kW) и 746 Nm момент на обрт. Автомобилот може да постигне брзина од 347 km/h.

Во 2017 Форд не успеа да ги испорача сите предвидени 250 возила , зашто изработи само 138 од овие атрактивни автомобили.

Херој на денот- Тинејџер ги спасил децата да не изгорат во автобус во Италија

Возач на училишен автобус од Сенегал утрово сакал да ги запали децата заедно со автобусот , но во тоа го спречил 13 годишниот Рами Шехата.

Во автобусот имало 51 дете , кога Сенагалецот решил да ги запали заедно со автобусот. Рами ги спасил сите совои соученици , така што останале живи , а 23 имале само полесни повреди, како модрици при бегањето и вдишан чад.

Возачот на школски автобус утрово им кажал на децата на возраст од околу 12 години дека нема да ги носи на училиште и нагло свртел од патот. Во полициската потера , тој бил стигнат и им се заканил на децата дека ќе ги запали заедно со автобусот.

Рами се снашол така што го скрил својот мобилен ,иако сите морале да му ги дадат на Сенегалецот. Потоа се преправал дека се моли на арапски , а всушност му се јавил на татко му и му кажал што се случува. Таткото , по потекло од Египет , веднаш ја алармирал полицијата , која навреме реагирала.

На Сенегалецот му се заканува казна за обид за масовно убиство , а рекол дека сакал да им се одмазди на децата за мигрантите – жртви во Средоземното Море.

Таткото на Рами , кој иако е роден во Италија , нема Италијанско државјанство во изјава за медиумите вели дека сега е моментот државата да му го даде државјанството на Рами, кој спаси 51 соученик.

Има само 14 години , а веќе рамноправно глуми со најпознатите холивудски ѕвезди (ФОТО+ВИДЕО)

Заедно со Колин Фарел , Дени де Вито , Мајкл Китон и Ева Грин , во филмот дамбо игра и 14 годишната Нико Паркер.

За да го промовира филмот новата актерска ѕвезда имаше настапи во неколку шоу програми . Кога се појави во Њујорк пред студиото каде се снимаше  шоуто со комичарот Стивен Колберт , предизвика невиден интерес.

Околу девојчето се насобраа фотографи и минувачи , кои бараа автограм од младата ѕвезда.

Инаку Нико неверојатно личи на својата мајка, британската актерка Тенди Њутон(46). девојчето во ,,Дамбо”  ја има улогата на ќерка на Колин Фарел и неодамна изјави.

,,Mама не ми даваше актерски совети. Не ги барав. Сакав ова да биде само мое искуство , а и самата помисла дека треба да бидам добра какоТенди , ми беше стресна.”

Купувачите секогаш се во право - Порше ја враќа лентата поради бродска несреќа

Порше на барање на купувачите ќе го врати производството на моделот 911 GT2 RS, што е запрено во февруари.

Откако последните неколку произведени примероци завршија на дното на морето , при потонување на транспортниот брод, што ги превезувал кон Бразил, Порше ќе ја го продолжи производството за да им испорача замена за потонатите автомобили на своите купувачи.

Кон почетокот на месецов потона товарниот брод ,,Гранде Америка” на 300 километри од францускиот брег , а со него потонаа и околу 2 000 автомобили. Ауди Бразил веќе потврди дека има загуба на голем број нови возила , а со нив потонаа и четирите последни  примероци од Порше 911 GT2 RS, чие производство веќе е запрено.

Од компанијата им се извинија на своите купувачи и им напишаа писма во кои ги известуваат дека само за нив ќе го вратат производството на овој модел во текот на идниот месец , а веќе во јуни ќе им ги испорачаат автомобилите.

притисни ентер