Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ бара гласање за уставните измени

Поминаа 19 дена од референдумот на кој народот јасно се изјасни дека нема одлука за мандат за уставни измени.

Гледаме дека власта одолговлекува со седницата. Деветнаесет дена се одолговлекува точката да се стави на дневен ред за гласање затоа што владеачкото мнозинство е свесно дека за пратениците е поважно волјата на народот отколку притисиците на кои се изложени, изјави во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Антонијо Милошоски.

Милошоски од претседателот на Парламентот Талат Џафери побара без дополнително одлагање да ја стави точката на изјаснување, да има гласање, и владеачкото мнозинство да види дека нема мнозинство и дека нема мандат да покрене уставни измени.

-Ние како пратеници ќе го кажаем нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот, изразена преку пропаднатиот референдум и недевањето мандат за уставни измени, рече Милошоски.

Запрашан дали е точно дека седуммина нивни пратеници ќе гласаат за уставните измени Милошоски изјави дека владечкото мнозинство треба да ја стави точката на гласање и самите ќе се уверат дека волјата на народот е погласна од притисоците врз пратениците да се изјаснат спротивно на волјата ана народот.

Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај

Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.

Видео: Атина „проголтана“ од сахарска прашина, градот обоен во портокалово

Атина и јужните делови на земјата вчера беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

Облаците од прашина, пренесени преку Средоземното море од северна Африка, го обвија акропол и другите знаменитости на Атина.. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите.

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето на пакетот воена помош за Украина

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба со ентузијазам ги пофали американските политичари за одобрувањето на долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за Украина, но предупреди дека новите испораки нема веднаш да го свртат бранот на војната.

„Алелуја“, изјави Кулеба во интервју за „Гардијан“ на прашањето за реакцијата на вчерашното конечно гласање на американскиот Сенат. Тој рече дека „неговото верување е дека ќе има позитивен исход“, но Западот мора „да сфати дека ерата на мирот во Европа е завршена“ и да ја изгради својата одбранбена индустрија.

Говорејќи за „Гардијам“, Кулеба рече дека се надева оти Белата куќа ќе го претстави новиот пакет оружје „за неколку дена, можеби и часови“ и дека е „само прашање на логистика“ залихите да се префрлат на фронтот.

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Кулеба, исто така, рече дека Украина идентификувала седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои би можела да ги користи за заштита на цивилите во поголемите градови надвор од Киев. Еден е добиен од Германија, уште четири се лоцирани и преговорите се во тек, рече Кулеба, а на повидок се уште два. /МИА

притисни ентер