Жешко издание на Емили Ратајковски во костим што самата го креирала (ФОТО)

Светската манекенка Емили Ратајковски позира во костим за капење , што самата го дизајнирала и ги запали фановите.

Емили Ратајковски(27) е можеби само една од модните дизајнерки , но е единствен што може да ги облече своите најсмели креации и да ги воодушеви илјадниците фанови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Pam Springs by @livincool for @inamorataswim

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Таа на Инстаграм објави фотографии од костим за капење на својот бренд Inamorata Swim. На двете фотографии покажа костим за капење , што многу малку покрива , а чини 123 долари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Palm Springs by @livincool for @inamorataswim

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Фановите сепак многу повеќе го коментираа телото на супермоделот , отколку моделот на костимот. ,, Бомбонка!Какво тело!Нестварна си!” , беа само дел од коментарите на одушевените фанови.

Милиони лозинки на Фејсбук корисници биле јавно изложени пред вработените

Лозинките на милиони корисници на Фејсбук беа достапни за  20.000 вработени во оваа социјалната мрежа.

Истражувачот за безбедност, Брајан Кребс, објави дека Фејсбук не успеал да ги заштити податоците, каде се чуваат до 600 милиони лозинки како обичен текст.

Лозинките што биле јавно изложени би можеле да датираат од 2012 година, рече Кребс.Во соопштението, Фејсбук информира дека сега го решил "проблем" и ги зачувал лозинките на својата внатрешна мрежа.

Во деталниот извештај,  Кребс појасни дека извор во Фејсбук му кажал за "безбедносни неуспеси" по што им дозволил на програмерите да креираат апликации што ги најавувале и чувале лозинките без нивно шифрирање.

Во јавните коментари, Фејсбук соопшти дека го открил овој проблем во јануари, како дел од рутинската проверка на безбедноста.И нивната внатрешна истрага покажала дека повеќето од засегнатите лица се корисници на Facebook Lite, која има тенденција да се користи во земји каде што врските се ретки и бавни.

"Проценуваме дека станува збор за стотици милиони Фејсбук Лајт корисници, десетици милиони други Фејсбук корисници и десетици илјади корисници на Инстаграм", изјавија од компанијата за Ројтерс.

Херој на денот- Тинејџер ги спасил децата да не изгорат во автобус во Италија

Возач на училишен автобус од Сенегал утрово сакал да ги запали децата заедно со автобусот , но во тоа го спречил 13 годишниот Рами Шехата.

Во автобусот имало 51 дете , кога Сенагалецот решил да ги запали заедно со автобусот. Рами ги спасил сите совои соученици , така што останале живи , а 23 имале само полесни повреди, како модрици при бегањето и вдишан чад.

Возачот на школски автобус утрово им кажал на децата на возраст од околу 12 години дека нема да ги носи на училиште и нагло свртел од патот. Во полициската потера , тој бил стигнат и им се заканил на децата дека ќе ги запали заедно со автобусот.

Рами се снашол така што го скрил својот мобилен ,иако сите морале да му ги дадат на Сенегалецот. Потоа се преправал дека се моли на арапски , а всушност му се јавил на татко му и му кажал што се случува. Таткото , по потекло од Египет , веднаш ја алармирал полицијата , која навреме реагирала.

На Сенегалецот му се заканува казна за обид за масовно убиство , а рекол дека сакал да им се одмазди на децата за мигрантите – жртви во Средоземното Море.

Таткото на Рами , кој иако е роден во Италија , нема Италијанско државјанство во изјава за медиумите вели дека сега е моментот државата да му го даде државјанството на Рами, кој спаси 51 соученик.

Има само 14 години , а веќе рамноправно глуми со најпознатите холивудски ѕвезди (ФОТО+ВИДЕО)

Заедно со Колин Фарел , Дени де Вито , Мајкл Китон и Ева Грин , во филмот дамбо игра и 14 годишната Нико Паркер.

За да го промовира филмот новата актерска ѕвезда имаше настапи во неколку шоу програми . Кога се појави во Њујорк пред студиото каде се снимаше  шоуто со комичарот Стивен Колберт , предизвика невиден интерес.

Околу девојчето се насобраа фотографи и минувачи , кои бараа автограм од младата ѕвезда.

Инаку Нико неверојатно личи на својата мајка, британската актерка Тенди Њутон(46). девојчето во ,,Дамбо”  ја има улогата на ќерка на Колин Фарел и неодамна изјави.

,,Mама не ми даваше актерски совети. Не ги барав. Сакав ова да биде само мое искуство , а и самата помисла дека треба да бидам добра какоТенди , ми беше стресна.”

притисни ентер