Арсовски: Владата ја заринка Македонија на дното на листата на Светскиот економски форум

Светскиот економски форум според конкурентноста ја рангира Македонија на 84 место, односно на дното на Европа, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ и потсетуваат дека пред две години земјава беше 20-тина места повисоко на листата.

Лошото работење и лошите политики на владата на СДСМ се резултат на оставање над 500.000 сиромашни луѓе во Република Македонија како и рангирање на 84-то место според конкурентност на листата на Светскиот економски форум.

Република Македонија оваа година според Светскиот економски форум според конкурентноста се наоѓа на 84 место, односно на дното на Европа. Пред само 2 години Република Македонија беше за околу 20-тина места повисоко на листата.

Светскиот економски форум Република Македонија во категоријата институции ја рангира на 85 место.

Република Македонија за жал е еден од лидерите во светот според недоверба во судството, односно од 140 земји се наоѓа на 128 место во категоријата независно судство. Ова само покажува како светот гледа на расцветаното судство на Зоран Заев кој управува со него и врши политички прогони врз кого сака.

И организираниот криминал цвета во Република Македонија. Во категоријата организиран криминал Република Македонија меѓу лидерите во светот кои имаат најразвиен организиран криминал и e помеѓу во првите 10 земји во светот со најразвиен организиран криминал. Своевремено пред да дојде СДСМ на власт Македонија беше на врвот на листата на „Дуинг Бизнис“, а сега на врвот на листата според организиран криминал и заробено судство во светот. Замислете, од 140 земји ние сме на 131 место според организираниот криминал.

Впрочем и не гледам како поинаку би биле рангирани кога на чело на Република Македонија е криминален картел каде што главни се Вицето, Зоки, Кочо иноваторот, Боро Малборо и останатите од СДСМ.

Според довербата во полициските сили исто така сме длабоко на дното на 110 место, односно ние сме со најголема недоверба во полицијата помеѓу граѓаните. А, не знам и како би биле повисоко, кога приватизираната полиција на Оливер Спасовски ја претвори Република Македонија во бојно поле, убиства се случуваат на секој чекор, а ниту едно од тие убиства и тие случаеви не е разрешено.

Според слобода на медиумите исто така сме на дното на листата на 89 место. Дури и Сиера Леоне е пред нас.

За жал, СДСМ ја заринка Република Македонија на дното на листата на Извештајот на Светскиот економски форум и сите соседи се далеку пред нас. Ние на чело со СДСМ останавме последни.

Ова е доказ за економските политики на владата, ова е доказ за криминалот на владата кој владее на секој чекор помеѓу функционерите на СДСМ во Владата, ова е доказ дека СДСМ не работи ништо корисно за Република Македонија и за граѓаните.

Затоа, што побрзо СДСМ си замине од власта во Република Македонија, толку побрзо ќе се врати на вистинскиот и правиот пат кон европските вредности.

На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат, а СДСМ ќе одговараат за сето ова што го прават!

Новороденче, кое било прогласено за мртво, се разбудило на погребот- семејството верува во чудо

Бебе кое било прогласено за мртво набргу по раѓањето, е префрлено назад во болница во Парагвај откако добила знаци на живот за време на нејзиниот погреб.

Нејзините блиски кои се потресени од сѐ, изјавија дека не исклучуваат „Божја интервенција“, пренесува El Tiempo.

Девојчето е родено околу пладне во петокот со царски рез, откако нејзината 21-годишна мајка имала компликации во седмиот месец од бременоста.

Но, бебето било прогласено за мртво и предадено на семејството заедно со потврдата за смрт.

Таткото на бебето, Игнасио Медина, изјавил за локалната телевизија Телефутуро дека телото на бебето го добил „целосно виолетово“.

Семејството, кое веќе претрпело загуба на уште едно бебе од оваа двојка, наместо да слави, отишле на погребот во Минго Гуазу, место на околу 20 километри од Сиудад дел Есте, главниот град на департманот Алто Парана, кој граничи со Аргентина и Бразил.

„Ја однесовме кај мајка ми и таму ја гледавме“, рече Медина.

Тој рече дека непосредно пред да заминат на гробиштата, еден од неговите чичковци забележал дека бебето мрда со главата и ги известил присутните.

„Потоа отидовме да ја провериме и срцето ѝ чукаше“, додал таткото кој веднаш го однел бебето во болница.

Кога таткото на бебето го прашал што се случило, директорот на Регионалната болница во Сиудад дел Есте, Федерико Шредел, не ја исклучил можноста дека се работело за катаплексија.

„Поради состојбата со предвремено раѓање, тоа може да се случи, практично пациентот останува без знаци на живот“, додаде специјалистот и предупреди дека ваков случај може да се случи еднаш на секои пет милиони раѓања.

Исто така, Пабло Лемир, директор на судска медицина на Министерството за правда во Парагвај, исто така објасни дека тоа може да биде катаплексија или синдром на „очигледна смрт“.

„Нема чукање на срцето, нема дишење, телото е опуштено, бледо, станува сино или виолетово и обично се решава спонтано и необјасниво“, изјави тој за парагвајскиот медиум ABC Colors.

Според експертот, бебето било родено предвреме и тоа ги исклучило опциите за лекарите.

„Во 26-та недела од бременоста и со таа тежина, белите дробови не се подготвени да бидат надвор од матката, ниту пак нервниот систем е правилно развиен“, рече тој.

Од друга страна, роднините не исклучуваат „божествена интервенција“ и тврдат дека девојчето, сепак со резервирани прогнози, ќе се вика Милагрос де Жезус, што во превод значи „Чудо Исусово“.

Момче падна од 40 метри висок гребен во Италија- пријателите немоќно гледале (ВИДЕО)

Момче (14) од Арика, Италија, доживеа трагична судбина кога со другарите го посети езерото Неми, не сфаќајќи дека ќе падне од дрво по стрмна карпа од 40 метри и ќе загине.

Тој наводно се одвоил од својата група пријатели и се обидел да стигне до највисоката точка на Виа Перино, но гранката од дрвото на која се качувал се скршила и момчето се превртело врз карпата, објави Мирор.

Тинејџерот паѓал над 30 метри, а неговите пријатели беспомошно гледале и веднаш го вклучиле алармот.

Пожарникарите од Неми и карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, но не можеле ништо да му направат на момчето, освен да констатираат смрт.

Телото е пренесено во болницата Кастели во Арикио, а потоа во Институтот за судска медицина во Рим.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

притисни ентер