Без струја утре поголем дел од Гевгелија и околината

Поголем дел од корисниците на електрична енергија во градот Гевгелија и околните населени места утре 10 часа ќе немаат струја поради изведување неопходни инвестициски зафати за подобрување на електро-мрежата.

Од гевгелиски ЕВН денеска соопштија дека во времето од 7 до 17 часот без електрично напојување ќе бидат фабриките во индустриската зона во северниот дел од градот Гевгелија и корисниците на булеварот „Гевгелија“ улиците „Маршал Тито“, „7 Ноември“, „Ристо Фршинин“ и „Илија Миов“, како и хотел казиното „Аполонија“.

Во околината на градот, утре прекин во електроснабдувањето ќе има во село Мрзенци, индустриската зона „Блокотехна“, оранжериите кај селото Прдејци, хотел казиното „Принцес“ и бензинската пумпа „Шимов“ на граничниот премин Богородица. Без струја, исто така, ќе бидат и сите индустриски корисници на излезот од Гевгелија кон селото Моин, вклучително и селата Моин и Ново Конско. /МИА

Бакнеж ја шокира Италија: Тренерот на Фиорентина не можеше да се воздржи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина се пласираа во полуфиналето на Конференциската лига, откако по продолженијата ја елиминираа Викторија Плзен со 2:0.

Еден од деталите кои го одбележаа мечот во Фиренца е бакнежот помеѓу италијанскиот тренер Винченцо Италијано и познатата новинарка на Sky Sports, Ванеса Леонарди.

Откако Фиорентина го постигна вториот гол, Италијано не можеше да ја контролира страста, па ѝ пријде на новинарка која беше до теренот и се чини дека ја бакна.

Не може со сигурност да се каже дали имало бакнеж, бидејќи во тој момент пред камерата поминаа неколку луѓе, во многу клучниот момент, а исто така и Ванеса имаше качулка на главата, па не беше јасно од овој агол дали е "француски" бакнеж, или шепот или само бакнеж во образот.

Fiorentina coach Vincenzo Italiano kisses the Sky Sport journalist Vanessa Leonardi (51) after the 2-0 goal vs Viktoria PIzen
byu/CPRIANO insoccer

Секако, оваа сцена потсети на моментот кога тогашниот претседател на Шпанската фудбалска асоцијација, Луис Рубиалес ја бакна шпанската репрезентативка Џени Хермосо на доделувањето на медалите по освоената светска шампионска титула.

Она што е интересно е што Ванеса е 17 години во брак со познатиот новинар, Маурицио Компањони, додека Италијано е во брак со неговата долгогодишна избраничка Рафаела, со која имаат две ќерки.

Италијанските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека Италијано и Леонарди се во врска, но засега никој од нив не објави ништо за овој случај.

Лукаревска од Штип: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Пред нас се исклучително важни избори, можеби и најважни досега, важен е континуитетот. 

Зашто се покажа дека иднината на Македонија не ја разбираат сите исто. Некои ја разбираат како заробена држава, изолирана и без перспектива. Затоа е важно СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија, после НАТО, во Европската Унија, како Македонци со македонски јазик по исправниот пат, рече во Штип Сања Лукаревска, носителка во третата ИЕ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Ние не бегаме, ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата.

-СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и калкулирање за сопствениот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди, за ниски удари. СДСМ е од граѓаните за граѓаните. СДСМ е избор на секој далековид човек, на секој кој ги почитува другите и разговара со сите. СДСМ, докажано, е партија која е тука кога е најтешко, и за земјата и за граѓаните, рече Лукаревска.

И овде, во Штип ќе повторам, драго ми е што успеавме граѓаните дури и да не насетат со колкава економска и енергетска криза се соочивме. Знам дека нашиот политички опонент тие кризи би ги спакувал во телевизиско шоу, наместо да ги решава. Има разлика.

Внимававме на сите граѓани, од тоа да задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите, ги зголемивме платите и пензиите.

И затоа ќе победиме. Штип на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија.

Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија. Нема откажување од иднината, рече Лукаревска вечерва пред граѓаните на Штип, се наведува во партиското соопштение.

Бразилка ќе оди во затвор, зашто на познат пејач за еден месец му испратила 8.000 писма

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

Но, тоа не е сѐ, Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

- Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим“, изјави извор близок до Стајлс.

Нејзе ѝ е забрането да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

притисни ентер