Спасовски: Македонија активно учествува во иницијативите за поголема безбедност на Балканот

Република Македонија во сите иницијативи што се однесуваат на земјите-кандидати за членство во ЕУ, што гарантираат поголема стабилност и безбедност, зема активно учество.

Република Македонија во сите иницијативи што се однесуваат на земјите-кандидати за членство во ЕУ, што гарантираат поголема стабилност и безбедност, зема активно учество и јасни сме во нашата порака дека ќе направиме се во нашите пристапни преговори но и во рамките на сите овие иницијативи што се отвораат со земјите од регионот, со цел да го направиме побезбеден Балканот.

Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред почетокот на Состанокот на француско-германската иницијатива за координација на донатори во врска со нелегалната трговија со огнено оружје во Западен Балкан.

- Оваа иницијатива како дел од Берлинскиот процес и овие семинари што се спроведуваат, особено за борбата против малото и лесно оружје, знаеме дека еден добар дел од ваквото оружје се наоѓа на овие простори е само еден чекор. Постојат и други иницијативи што ќе ја подобрат ефикасноста на институциите на Република Македонија и мене ми е чест што имаме можност што со поддршка на Франција и Германија да го реализираме овој проект, рече Спасовски.

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние рече дека ова е многу значајна француско-германска иницијатива која што беше презентирана во текот на самитот на Берлинскиот процес во Трст.

- Целта е да се ослободи просторот на Балканот од лесното оружје што циркулира без контрола. Ова е многу значаен настан. Многу сме задоволни што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прифати да го отвори овој семинар и на тој начин македонските власти да покажат колку е важно борбата против илегалното оружје со мал калибар, рече Тимоние.

Посочи дека ова е значајна етапа од патот на Македонија во Европската Унија, и е илустрација на „француско-германската волја целосно да ве придружуваат на вашиот пат кон ЕУ“.

Министерот Спасовски ќе одржи воведно излагање на состанокот, на кој ќе присуствуваат и експерти од македонското МНР. На состанокот, Франција е кодомаќин, застапувана од Жан-Клод Брине, амбасадор за транснационални криминални закани и борба против недозволена трговија со МЛО при француското Министерство за Европа и надворешни работи, заедно со Германија, застапуван од Маркус Блеинрот, директор за контрола на конвенционалното оружје при германското Министерство за надворешни работи.

По завршувањето на состанокот, попладнево на прес-конференција шефовите на француската и на германската делегација ќе информираат за текот и за заклучоците од состанокот.

Германија и Франција, препознавајќи ја потребата од покоординирана акција за справување со проблемите со МЛО во регионот на Западен Балкан, почнаа заедничка иницијатива за координација на донатори за нелегална трговија со огнено оружје и сеопфатна контрола на МЛО.

На 11 декември, Франција ќе биде домаќин на конференција на високо ниво во Париз за да се разгледаат резултатите од донаторските координативни состаноци, да се презентираат локалните акциони планови за имплементација на Регионалниот план и да се идентификуваат донаторските придонеси за негово финансирање.

Кон крајот на 2019 година, Германија ќе биде домаќин на мониторинг конференција во Берлин, кога ќе се разгледа првата година од имплементацијата на Регионалниот план и на националните акциони планови. /МИА

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер