Плевнелиев: Македонија има уникатна историска шанса

Постојат моменти кога судбината подава рака и таа треба да се прифати. Македонија е исправена точно пред таква ситуација.

Таа има уникатна историска шанса, истакна поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, пренесува бугарската агенција „БГНЕС“.

По дискусијата на тема „Бугарската и европската перспектива: Референдумот во Македонија“, во организација на Европскиот совет за надворешна политика (ЕСВП) со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер, Плевнелиев рече дека и ЕУ и НАТО направиле се, тоа е подадена рака од судбината и нема да има друга шанса во следните 20 години.

- Драги пријатели од Македонија, подадете си рака, ги повика тој граѓаните и политичаите на Република Македонија.

Според него, пред две децении Македонија била десет години пред Бугарија, но поради низа погрешни политички одлуки, таа во моментов е најмалку десет години по Бугарија.

- Се што е добро и кое и се случи на Бугарија во последниве години е благодарение на нејзиното членство во ЕУ и НАТО. Од 1999 година наваму само странските инвестиции во земјата изнесуваат над 40 милијарди евра, истакна Плевнелиев.

Тој смета дека постојат три можни сценарија за развојот на Македонија. Првото, смета тој, е да бидат усвоени уставните промени од македонскиот Парламент и Македонија да има јасна перспектива, а во регионот да има траен мир. Второто сценарио, според него, е реалистично и тоа може да ја исправи земјата пред нови избори кои нема да ја променат ситуацијата во Македонија. Третото сценарио е негативно и Македонија може да западне во тотална изолација, а и можна целосна дестабилизација.

Според шефот на канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Софија, Торстен Гејслер, референдумот спроведен на 30 септември може да се смета како победа за Русија. Гејслер исто така го опиша и несоодветно однесување на ВМРО-ДПМНЕ со политиката на бојкот и екстремистички пројави.

Канал 5 во Античка Олимпија – запален олимпискиот оган пред игрите во Париз

Традиционално од зраците на сонцето, во Античка Олимпија денеска е биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024. Дел од оваа церемонија е и екипа на Канал 5.

Дејан Трајкоски го имаме во живо. Дејан, ја почна ли огнот 11-дневната обиколка низ Грција?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Арсовска: Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција денеска праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се прави тоа.

Рече и дека градот воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности, пред да се случи пожарот во изминатата недела.. Арсовска упати повеќе прашања до министерството за култура и до фирмата изведувач.

За два дена во Појасот Газа влегоа над 550 камиони со хуманитарна помош

Повеќе од 550 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа во текот на последните два дена откако ги минаа темелните безбедносни проверки, соопшти денеска израелската армија, додека ОН сметаат дека ова е недоволна помош.

Израелската армија, во соработка со израелското тело одговорно за палестинските граѓански прашања, „продолжува со напорите да дозволи секојдневно минување на стотици камиони со храна и хуманитарна помош за жителите на Газа“, се наведува во соопштението на армијата, додавајќи дека само синоќа во северниот дел на газа пристигнале 126 камиони.

Точно 56 пратки помош во храна, исто така, со падобрани пристигнаа во палестинската енклава.

„Нема голема промена во обемот на хуманитарна помош што влегува во Газа, ниту има подобар пристап до северниот дел на Газа“, соопшти агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Од почетокот на април просечно 181 камион со хуманитарна помош секојдневно влегуваат во Газа преку пристапните точки Рафа и Керем Шалом, соопшти агенцијата на ОН, оценувајќи дека оваа бројка е „под оперативниот капацитет на двата гранични премини, преку кои дневно треба да минуваат 500 камиони“.

УНРВА ја координира речиси целата хуманитарна помош за Појасот Газа, енклавата која од октомври е опколена и уништена во израелската офанзива./МИА

притисни ентер