Повеќе скопски села и населби утре без струја

Корисниците од улицата „Димитрие Чуповски“ бр. 1А во општина Центар утре од 8 до 11 часот ќе бидат без снабдување со електрична енергија. 

Од 8 до 10 часот утре без струја ќе останат жителите од населбата Трубарево, улици со број „2“, „8“, „10“, „12“, „14“, „16“ и „18“.

Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите во околината на канцеларијата на претседателот на Република Македонија, објектите во близина на кафе-бар „Гнездо“ и објектите во близина на хотел „Бест Вестерн“ во општина Центар.

Без струја од 9 до 11 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Александар Мартулов“ во општина Ѓорче Петров, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од село Долно Соње. Од 9 до 16 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Горно Соње, улица „1“.

Од 9:30 до 11:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Мариовска“ бр. 1, 3 и 5 во општина Кисела Вода, а од 10 до 12:30 часот корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“, зграда бр. 29 и сервис за гуми „Дабл-Стар“ во општина Аеродром.

Во периодот од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Гаврил Лесновски“ и дел од улицата „Московска“ во општина Карпош, а од 13 до 15 часот корисниците од улицата „Козара“ бр.30 во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната мрежа.

Драма на перон: Сакала да влезе во воз во движење, но се сопнала (ВИДЕО)

Немил настан се случил на 17 април во аргентинскиот град Морено, а чудо е што е избегната трагедија.

На социјалните мрежи е објавено видео од неименувана девојка која се обидува да се качи на воз во движење, но работите тргнаа наопаку.

На видеото го гледаме како се обидува да фати воз, очајно сакајќи да влезе внатре, но се сопнува и паѓа меѓу композицијата и перонот.

Еден од патниците и обезбедувањето веднаш дотрчале кај несреќната жена која останала да лежи покрај пругите. На почетокот не е јасно дали преживеала.

Кога сфатиле дека сè уште дише, повикале помош и била пренесена во болницата „Де Ла Вега“, јавува Лакале Блу радио.

Лекарите ѝ ги санирале повредите, па била згрижена.

ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 44,56% , Пендаровски 18,36% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, НА 10 % обработени податови , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 23.644 гласа или 44,56%.

На второ место е Стево Пендаровски со 9740 гласа, односно 18,36 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 7473 гласа или 14,08% , Максим Димитриевски 3687 гласа или 6,95% , Арбен Таравари 5010 гласа или 9,44% , Билјана Ванковска 2026 гласа или 3,82 % и Сревчо Јакимовски 366 или 0,69%.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

притисни ентер