Околу 550 трговци закупиле простор за Кавадаречки панаѓур

 Околу 550 трговци закупиле простор за Кавадаречки панаѓур што почнува утре и ќе трае три дена.

Како што информира инспекторот за животна средина и комунални работи од Општината, Јованче Колев, интересот за поставување тезги бил многу поголем, но поради ограничениот простор издадени се 550. Трговците ќе плаќаат по 1.600 денари за квадратен метар.

На традиционалниот панаѓур ќе се продава храна, облека и обувки, покуќнина, алати и играчки, садови за преработка на грозје во вино и ракија и слично, а во делот кадешто ќе се одржува, сообраќајот ќе биде редуциран.

Претходно, локалната самоуправа спроведе јавна анкета, дали да има панаѓур или не зашто кавадаречките трговци се против поради нелојална конкуренција, а населението сака за да купи поевтини производи. Вкупно 79 проценти од оние кои гласале во анкетата, се изјасниле дека сакаат да продолжи традиционалната манифестација.

Коѕијас: Без ратификација нема договор за името

Скопје мора јасно да разбере дека решение за името нема да има без ратификација на Договорот од Преспа , изјави денеска грчкиот шеф на дипломатијата , Никос Коѕијас.

Коѕијас ја даде изјавата за министерскиот состанок во Луксембург , говорејќи за билатералниот договор кој ќе мора да добие зелено светло и од макеоднскиот и од грчкиот парламент, пренесува агенцијата АНА –МПА.

На состанокот во ЛУксембург , министрите за надворешни работи на Европската Унија разговараа за резултатите од референдумот во Македонија на која иако излезноста беше мала , имаше голема поддршка за Договорот од Преспа.

Заложничката драма во Келн била терористички напад

Германската полиција не ја исклучува можност заложничката драма на главната железничка станица во Келн да била терористички напад.

Во драмата на главната железничка станица во Келн се повредени четири лица . Киднаперот бил застрелан од полицијата , која успеала да ја спаси жената што била држана како заложник. Тој користел плин за кампување и запаллив материјал со што ја држел жената во аптека во станицата. Обвинителството покрена истрага за обид за убиство и нанесени повреди , објави полицијата во Келн.  

Инцидентот се случил попладнево кога напаѓачот запалил Молотов коктел во продавница за брза храна при што повредил 14 годишно девојче. Кога се активирал против пожарниот систем , напаѓачот избегал од продавницата и се скрил во аптеката до неа, каде земал заложничка.

По два часа, во кои се воделе преговори со напаѓачот,  полициски специјалци успеале да влезат во аптеката. Напаѓачот е тешко повреден од полицијата , додека жената има лесни повреди.

,, Откако влегол во аптеката , сведоци јавиле дека напаѓачот рекол дека припаѓа на терористичката група ИД “ , изјави портпаролот на полицијата. На самото место полицајците нашле документи на 55 годишен Сириец , а сопственикот на документите имал дозвола за престој во Германија до 2021.

Истражителите изјавија дека документите најверојатно му припаѓаат на напаѓачот, но велат дека конечно не го утврдиле неговиот идентитет.

За време на заложничката криза , железничката станица беше затворена , а возовите преупатувани на други станици. Беше затворен и просторот околу познатата катедрала во Келн.

Низ  главната железничка станица во Келн дневно минуваат околу 1 300 возови и околу 280 000 патници.

Новинарот на Вашингтон Пост сепак бил убиен во конзулатот во Истанбул (ВИДЕО)

Саудиска Арабија подготвува два извештаи , кои треба вечерва да ги прати во САД во врска со убиството на новинарот на Вашингтон Пост .

Новинарот Џамал Кашоги бил жртва на ,,неспретно испитување” , се наведува во извештајот , објавуваат турските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори. Претходно вечерва во конзулатот на Саудиска Арабија влезе тим од турски истражители , кои се сомневаа дека Кашоги е убиен во конзулатот.

Овие наводи беа отфрлени од страна на Саудиска Арабија , која по цели две недели дозволи истрага за исчезнувањето на новинарот.

53 – годишниот новинар на 2 октомври влегол во конзулатот за да извади документи за венчавка си турска државјанка и од тогаш му се губи трагата. Кашоги беше познат како остар критичар на Саудиска Арабија и на членовите на кралското семејство.

Турските власти денеска објавија дека имаат аудио снимка на која се слуша дека Кашиги е убиен , а снимките ги предадоа во Саудиска Арабија и во САД.

Претседателот на Турција , Реџеп Таип Ердоган минатата недела рече дека лично ќе се заложи во истрагата за исчезнатиот новинар на Вашингтон Пост.

притисни ентер