Додека колегите играат во Шангај, Надал чисти во Мајорка

 Светската тениска елита се наоѓа на Мастерсот во Шангај, но во Кина не е најдобриот, Рафаел Надал.

Шпанецот вчера им помагаше на мештаните во Мајорка чии имоти беа уништени од големото невреме што го зафати регионот.

Надал со гумени чизми, и лопата во рака, работеше рамо до рамо со останатите кои се вклучија во расчистувањето.

Очигледно, повредата која не му дозволи да настапи во Шангај, не беше пречка Надал да се приклучи на погодените од поплавите во Мајорка.

,,Убив цело семејство павијани” – ловец предизвика ужас (ВИДЕО)

Членот на Комисијата за рибарство и дивеч во американската држава Ајдахо , Блејк Фишер , предизвика ужас на социјалните мрежи и во јавноста со објавените фотографии од ловот во Африка.

Фишер се фали на социјалните мрежи со богатиот улов , како на пример со десетина мајмуни , павијани , со кои позира . Тој и неговата сопруга се фалат дека убиле најмалку 14 животни во Намибија. Тие биле толку горди што убивале животни , па фотографиите ги пратиле на над 100 меилови. Меѓу убиените се жирафа, леопард и антилопи.

Фишер на жестоките критики одговори дека не направил ништо неморално или неетички. Сепак , реакциите на јавноста во САД отидоа дотаму што членовите на неговата комисија побараа оставка од Фишер.

Најстрашна од сите фотографии , која предизвика згрозеност и меѓу ловџиите е онаа со убиените павијани , каде малото мајмунче е погодено со лак и стрела , а Фишер се смее меѓу мртвите тела на животните.

,, Убив цело семејство павијани” , се пофали Фишер на фотографијата објавена на Фејсбук.

Плејбој зајачица од Бразил ја збудале Калифорнија (ФОТО)

Сите останаа со отворена уста , a сообраќајот запре , откако полугола се прошета манекенката Ана Брага .

Мајката и бабата на Бразилката Ана Брага се натпреварувале за мис , така што Ана со право се појави на неколку насловни страници на култниот Плејбој. 36 годишниот модел го привлекува вниманието каде и да се појави.

Во гратчето Калабасас во Калифорнија буквално го запре сообраќајот , кога на улица се појави со провокативна маичка.

Таа тргна на утринско кафе , а направи хаос со маичката под која не носеше градник.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🎙Ana Braga🎙 (@theanabraga) on

За негативните критики Ана вели: ,, Едноставно ги игнорирам , а оние на моите профили на социјалните мрежи едноставно ги бришам, додека нивните автори ги блокирам. За таквите луѓе имам посебна мантра- Не можете и нема да ме сопрете. Никој не може да ми ја затвори вратата , која Господ ми ја отворил.” , изјави убавата Бразилка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Good morning!

A post shared by 🎙Ana Braga🎙 (@theanabraga) on

Вработените ги третират како стока – компанијата Ryanair подоцна се извини

Вработените ги третираат како стока , исто како и патниците. Ова беа најчестите коментари на социјалните мрежи , откако на Твитер беше објавена фотографија како екипаж на авион спие на под.

Фотографијата објавена на Твитер , на која се гледа како стјуардесите и пилотите на авионите на Рајанер спијат на под во канцеларијата на авиокомпанијата во Малага Шпанија , предизвика жестоки реакции.

Поради лоши временски услови , привремено биле приземјени авионите, а шестмината членови на екипажот ноќта ја поминале на подот на канцеларијата , без душек и перници. Станува збор за екипаж на авионот Ryanair 737 , со седиште во Португалија.

По жестоките реакции , се огласи и оперативниот шеф на компанијата, Петер Белев , кој потврди дека вработените спиеле на под и се извини што не можеле да им најдат сместување.

,,За жал , сите хотели беа резервирани. Невремето направи многу штета во Португалија. Подоцна екипажот доби ВИП сместување . Им се извинуваме на вработените”, напиша шефот на Ryanair.  

,, Исто вака ги третираат патниците. Ништо ново. Ги третираат вработените како стока”, се само дел од коментарите на фотографијата.

притисни ентер