Артур Омоите објави видео од неговото непријатно искуство во супермаркет во близина на Марсеј , каде бил заедно со неговото куче- водич , Лоја. На видеото се гледа како вработен во маркетот му вели дека тој и неговото куче треба да го напуштат објектот од хигиенски причини.Потоа друг вработен го изнесува кучето водич на слепиот човек.
Инцидентот , што предизвика бура од реакции во Франција е снимен од човек кој бил во придружба на Омоите. Тој дури и се труди на вработените да им ги објасни законите според кои лицата со оштетен вид може да влегуваат во сите јавни установи со своите животни , кои им помагаат. Листот хартија , кој се гледа на видеото е всушност правилникот за слепи лица и нивните животни.
Откако човекот одбил да го напушти маркетот и побарал да викнат полиција , еден од вработените почнал да го турка кон излезот, а друг го избркал кучето.
По скандалот во јавноста, супермаркетот му се извинил на човекот со оштетен вид.