Неверојатно издание на пејачката Попи на црвениот тепих (ФОТО)

Американската пејачка Попи вчеравечер ги збуни сите со неверојатниот изглед на црвениот тепих во Лос Анџелес.

Никој не можеше да поверува вчеравечер во Лос Анџелес дека и така некој може да се појави на црвениот тепих. На доделувањето на музичките награди , на гала вечерата американската пејачка Попи не можеше а де не остане незабележана . Таа на дел од лицето носеше црна маска со нејзиниот лик.

Пред излегувањето во јавност , контроверзната пејачка напиша на Твитер:,, Ме праќаат на АМА за да разговарам со познатите” .

Сите коментираа за нејзиниот стајлинг , но таблоидите не успеаја да ја откријат пораката што ја прати Попи со ваквиот изглед.

Манекенки се разиграа на плажа во Мајами (ФОТО)

Канадската манекенка Даниела Кнудсон (29) е снимена во друштво на својата пријателка Јелена Цикоја на плажа во Мајами.

Девојките се забавуваа на плажата во друштво на кученцето на Јелена, Цали.

Даниела е позната манекенка со кампањи за познати модни брендови како H&M-a и Guess, а снимаше и едиторијали за магазините Sports Illustrated, Elle и Glamour.

Таа е девојка на познатиот тенисер Милош Раониќ . Јелена Цикоја е позната блогерка , родена во Штутгарт , а со партнерот Џое Вир , живее во Њујорк.

Новата Супра сепак не може да се сокрие (ВИДЕО)

Најбараниот јапонски новитет никако да се појави без маска, но папараците успеаја да го снимат.

Откако престана производството на нејзиниот претходник, Тојота Супра МКВ стана најбараниот производ на јапонскиот производител .

Автомобилот е фотографиран за време на неговито тѕранспорт во камион и тоа без никаква камуфлажа , како што Тојота правеше минатите неколку месеци при кусите промоции.

Според надворешноста , се чини дека Тојота на новата Супра ја применува линијата на моделот ФТ1 , а доказ за тоа се отворите покрај рабовите за светла. Од Тојота велат дека новата Супра ќе биде премиерно прикажана кон средината на следниот месец на саемот во Детроит.

Како се празни рафт со 300-грамски чоколади за неполна минута?

Добија ли штипјани крадец на чоколади вреден за Гинис, прашуваат дел од граѓаните на социјалните мрежи.

Откако на глобалната видео мрежа „ју тјуб“ се појави снимка, за која се тврди дека е направена во маркет во Штип, а на која се гледа, како момче буквално го празни рафтот со чоколади.

Од снимката, може да се забележи дека момчето очигледно е голем љубител на чоколадите, со оглед дека ги краде само оние од по 300 грама, кои  ги става во своето палто.

притисни ентер