Шампион во трошење- жена потрошила 16 милиони фунти во луксузна стоковна куќа- што купувала?

Сопруга на банкар за 10 години потрошила 16 милиони фунти во стоковните куќи на Хародс.

Замира Хаџиева , сопруга на банкар , е на удар на антикорупционерите во Британија и се бори да си ја зачува барем куќата вредна 11.5 милиони фунти. Хаџиева по потекло од Азербејџан , го изгубила судскиот спор во кој барала да биде анонимна во текот на истрагата. Таа е сопруга на банкар во националната банка на Азербејџан и за десет години само во стоковната куќа ,,Херодс” потрошила над 16 милиони фунти. Таа одела дотаму што купила и куќа во близина на стоковната , како и терен за голф во Беркшир. Судот нареди да се утврди потеклото на нејзиниот имот , а доколку не успее , може се да изгуби.

55 годишната жена заедно со сопругот, Јахангир Хаџиев мора да објаснат како купиле куќа во луксузната четврт Најтсбриџ. Сопругот бил на чело на националната банка во Азербејџан и во 2016 е осуден на 15 години затвор за измама и проневера на десетици милиони фунти, што исчезнале од банката. Судот му нареди да врати 39 милиони фунти. Седум години пред тоа, компанија од Кајманските острови платила 11,5 милиони фунти за голема куќа во близина на стоковната куќа ,,Херодс” во Лондон. Дури во судницата било откриено дека куќата е во сопственост на Хаџиева и нејзиниот сопруг. Во 2013 друга компанија под контрола на Хаџиева поторшила над 10 милиони фунти за купување голф терен Мил Рајд , голем имот во близина на престижниот Аскот.

Британија на брачната двојка им опдобрила визи за престој наменети за богати инвеститори. Како изгледало трошењето пари на Хаџиева. Таа во Хародс трошела во просек по 4 000 фунти дневно.

Но , купувала и на други емста. На пример во продавницата Бушерон купила накит и парфеми за 150 000фунти. Следниот ден купила вина за 1 800 фунти.

Потоа купила накит вреден 100 000 фунти во Картие , а потоа докупила и машки производи за 20 000 фунти. За да биде поефикасна во трошењето , имала три картички од Хародс и уште 35 што ги издала поранешната банка на нејзиниот маж.

Во судот било откриено и дека брачната двојка има и авион вреден 42 милиони фунти. Наспроти обвинувањата на британските антикорупционери, Хаџиеви имаат намера правдата да ја бараат во судот во Стразбур.

Американците прават супесоничен авион – од Њујорк до Лондон за 90 минути (ВИДЕО)

Американска стартап компанија планира да произведе авион што ќе лета со брзина пет пати поголема од брзината на звукот и за 90 минути ќе го помине растојанието меѓу Њујорк и Лондон.

Воздухопловната компанија Hermeus Corporation со седиште во Атланта соопшти дека од приватни инвеститори добила доволно пари за производство на овој вид авион.

Доколку проектот биде успешен , би можел да значи револуција во воздушниот сообраќај. Сега патувањето од Њујорк до Лондон трае седум часа.

Меѓу основачите на оваа компанија се поранешни вработени во компанијата на Елон Маск , Space X , како и во вселенската компанија на Милијардерот Џеф Безос, Blue Origin. Од компанијата велат дека ќе бидат потребни десетина години за да се реализира овој проект.

Брутално претепано момче во метрото во Њујорк , полицијата бара помош (ВИДЕО)

Њујоршката полиција објави шокантно видео од претепување на момче од непознати лица во подземната железница во Њујорк.

Напаѓачите го тепале момчето се додека тоа не изгубило свест. Тој само се обидел да си ја заштити главата со раце. На снимката од безбедносните камери не може да се слушне што зборува претепаното момче.

Полицијата дознала за оваа снимка дури откако се појавила на социјалните мрежи. Од таму ги молат сите кои знаат нешто за напаѓачите , да пријават.

,,Ова е гнасен чин.Сите кои ја проследија снимката , се вознемирени. “ изјави детективот Дермот Ши на прес конференција.  

Овации на публиката во Кан по премиерата на филмот на Тарантино (ВИДЕО)

На премиерата на филмот ,,Се случи еднаш во Холивуд” на Квентин Тарантино дојдоа и Бред Пит и Леонардо ди Каприо , кои ги играат главните улоги.

Светската премиера на новиот филм на Квентин Тарантино беше одржана вчеравечер во Кан , а гледачите беа толку воодушевени што го наградија со шест минутни овации по прикажувањето.

Бред Пит, Леонардо ди Каприо и Маргот Роби , ѕвездите на деветтиот филм на Тарантино му се приклучија на режисерот на срвениот тепих .

Приказната за златниот период на Холивуд низ призматана двајца пријатели , актери (Бред Пит и Леонардо ди Каприо) во времето кога светот е шокиран од веаста за убиството на актерката Шерон Тејт (Маргот Роби) , доби одлични критики.

Во филмот се појавуваат и Ал Пачино , Дакота Фенинг ,Лена Данам, како и починатиот актер Лук Пери , е веќе оценет за еден од најдобрите филмови на Тарантино.

притисни ентер