Во два одделни случаи во Тетово и Гостивар пронајден кокаин кај четири лица

Во два одделни случаи во Тетово и Гостивар кај четири лица пронајден е кокаин.

По целосното документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во првиот случај, кокаинот е понајден вчера околу еден часот по полноќ кај 48-годишниот Ј.С. и 34-годишниот В.Т. од Тетово, додека ден претходно околу 22 часот во Гостивар од слобода се лишени А.М. (37) од Скопје и А.Ј. (46) од Гостивар бидејќи кај нив е пронајден кокаин. /МИА

Калеска Ванчева: Ние, социјалдемократките, ја имаме визијата, еднакво учество на жените во сите свери на политичкиот живот во државата

Ванчева се обрати по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Ние сакаме општество во кое рамноправно, без дискриминација ќе ги керираме сите политики и ќе обезбедиме безбедно хумано општество на насмеани лица, рече во своето обраќање на свеченоста по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Таа се осврна на почетоците и успесите на Форумот на жени на СДСМ, кој се изроди од женските клубови на партијата уште во 1999 година, а прерасна во моќен двигател на општествените промени, демократизација и почитување на основните човекови права, бидејќи без родова еднаквост тие не постојат.

За овие 20 години постигнавме многу, но патот не беше лесен, рече Калеска Ванчева на свеченоста на Форумот на жени на СДСМ, под мотото „20 години чекориме по патот на еднаквоста".

Денеска говориме за законска регулатива која овозможува најмалку 40% застапеност на жените во законодавната и локалната власт, но и за 40%,  па и 50% застапениост на жените во сите партиски структири, а започнавме со квота  од 30% од обата пола во партиските структури на партијата за парламентарните ибори 2002 година.

Со измените во Кривичникот законик од 2004 година, за првпат беше дефинирано семејното насилство, а во девет кривични дела против животот, телото и сигурноста на жртвите, предвидена е построга санкција доколку конкретното кривично дело е извршено во контекст на семејно насилство.

Во годините кога во земјата почнаа да се уназадуваат правата на жените, Клубот на жени на СДСМ, беше предводник на борбата за унапредување на положбата на жените, застанавме во одбрана на правото на жената да одлучува за своето потомство и за своето тело. Тоа го иправивме кога дојдовме на власт.

Но, секојдневно мораме да се браниме од различна прорагнада, во која првично се суди на изгледот на жената, а потос на суштината, рече Калеска

Бевме, сме  и ќе останеме лидерки, двигателки на сите демократски промени во општеството и ќе се движиме се побрзо кон целта, зошто не сме сами, чекориме по патот на еднаквоста, заедно, истакна свеченоста по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева,

Благодарници за заложбите за родовата еднаковст Форумот на жени им додели на Јованка Тренчевска, Елеонора Петроа, Цветанка Ивановаи Цветанка Ласкова.  

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Во Белорусија се одржуваат парламентарни избори

Во Белорусија денес се одржуваат парламентарни избори, на кои 516 кандидати се борат за 110 места во долниот дом на парламентот.

Изборите ќе бидат набљудувани од Западот за да се види колку слобода претседателот Александар Лукашенко ќе им овозможи на опозиционите кандидати, пренесува „Ројтерс“.

Националната изборна комисија соопштила дека до сега гласале повеќе од една третина од бирачите, односно 36 проценти, а „АП“ наведува дека постои опасност од манипулација на резултатите.

Опозицијата тврди дека гласањето е преполно со злоупотреби затоа што гласачките кутии не се чуваат, а пребројувањето на гласови се врши без присуство на набљудивачи.

По парламентарните, Белорусија наредната година ја очекуваат и претседателски избори.

Снегот во Франција и понатака прави проблеми

Околу 145.000 луѓе вчера биле без струја на југоистокот од Франција поради обилните врнежи од снег, соопштија од компанијата која управува со дистрибутивната мрежа.

Со прекин на струја се соочиле областите Дром, Изере, Рон, Лоар и Ардеш, се вели во соопштението и се додава дека техничките тимови работат на санација на проблемот.

Како што се наведува, невреме во четврток вечерта ја погоди источна и централна Франција и во еден период повеќе од 330.000 домови биле без електрична енергија.

притисни ентер