Концерт на „Камерно дуо" во КИЦ на Македонија во Софија

Пијанистката Арјана Куриу-Груби и виолистот Блерим Груби, членови на „Камерно дуо“, вечер од 18.30 часот ќе одржат концерт во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Арјана Куриу-Груби (Тетово, 1971) дипломирала на Музичката академија во Приштина во 1994 година, а во 2011 година ги завршила последипломските студии во класата на проф. Тодор Светиев. Од 1994 година е редовен професор по предметот Пијано на Факултетот на уметности на Универзитетот во Тетово.

Блерим Груби (Скопје,1965) дипломирал во 1989 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Лубомир Господинов, под чие менторство ги завршил и последипломските студии. Во 1994 и 1995 година студиски престојувал на Академијата „Chigana“ во Сиена, Италија.

По завршените студии почнал да работи во Македонска филхармонија, а воедно развил и солистичка дејност и учествувал во камерни состави. Имал многубројни настапи на фестивали во балкански земји, како и во Италија, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Јапонија и САД. Работи како професор на Државниот универзитет во Тетово и на Приштинскиот универзитет, солист е на Косовската филхармонија, во гудачкото трио „Косова“ и член во ансамблот „Бахус-Скопје“.

Арјана Куриу-Груби и Блерим Груби имаат голем број заеднички настапи во Македонија и во странство./МИА

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер