Телото на 30 годишната новинарска во саботата беше најдено покрај река во паркот во нејзиното родно место Русе на северот на Бугарија. Обвинителството соопшти дека новинаркста била силувана , претепана и задавена. Бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов , кој отпатува во Русе за да ја надгледува истрагата , вели дека засега нема докази за поврзаност на убиството со новинарската работа на Маринова.
Во медиумите сепак се наведува дека во последно време новианрката работела на стории за корупциски скандали со фондовите на ЕУ. На 30 септември , во нејзината последна телевизиска емисија , таа вети дека во анредното издание ќе има уште детали и дека ќе спроведе дополнителна истрага.
Маринова , која има 7 годишна ќерка, беше вклучена во тим новинари , кои ги истражуваа инфраструктурните проекти на локалните власти , финансирани од фондовите на ЕУ.