Кина возврати со целосна забрана на увозот на американска нафта

Како гром од ведро небо и со еден потег Кина го зашемети Вашингтон се толкувањата во светскиот бизнис за последната одлука на Кина со која целосно го запре увозот на нафта од САД.

Со овој потег само се потврдува фактот дека двете веле-сили се во жестока трговска војна.

Оваа одлука доаѓа во време на заострување на трговскиот судир на двете земји. Одлукаа на Пекинг да оневозможи влез на американска нафта на сите пазар е „неочекуван потег“, бидејќи „црното злато“ досега не било зацврстено ни на една листа на производи кои Кина возвратно ги царини при увоз од Америка.

Претседателот на кинеската компанија која се занимава со транспорт на енергенси потврди дека е запрен увозот на сурова нафта.

„Ние сме едни од најголемите превозници на сурова нафта од САД во Кина. Претходно имавме добра работа но сега тоа е целосно прекинато“ - изјави Сје Чунлин претседател на ЦМЕЕ

Според податоците само во август Кина од Америка увезла 334 илјади барели нафта и по тоа била втор најголем американски купувач по Канада. Кина најмногу нафта купува од Русија 665 илјади барели,потоа од Саудиска Арабија и Иран. Цената на нафтата во последните недели расте поради стравот на пазарите покрај јасните назнаки за рекорден раст на американските залихи, постојан глобален економски раст и солидна побарувачка - фактори кои во неки други времиња влијаеле на спуштање на цените на движечката сировина на светската економија.

Од друга страна пак пред воведувањето на ваквата остра економска мерка до Кина, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина се уште не е подготвена за склучување трговски договор со САД

„Кина сака да склучи трговски договор, јас велам дека сѐ уште не се подготвени“, изјави Трамп.

Тој истакна дека парите заработени од данокот врз кинеските производи кои ги воведе Америка претходно ќе бидат насочени кон здравството.

Вашингтон и Кина претходно ја започнаа трговска војна со стапување на сила на новите царински давачки на 260 милијарди долари за кинеските и американските производи, со ризик да го загрозат глобалниот економски раст.

Занемарувајќи ги многубројните предупредувања од економистите и глобалните компании, администрацијата на Трамп воведе царински давачки од 10 отсто на 200 милијарди долари увоз од Кина на кои претходеа и други царински давачки за кинеските производи како и за челикот и алуминиумот.

Мадона продолжува со чудни објави: Губи фанови побргу од тонењето на Титаник

Кралицата на попот и понатаму ги загрижува обожавателите со своите објави на социјалните мрежи.

Така таа неодамна објави видео во кое носи црна маска од тантела додека пркосно држи црно стапче во устата и, изгледа, се снима себеси.

Следбениците тешко се справуваат со прилично необичните објави на Мадона и масовно негодуваат на однесувањето на нивниот „некогаш омилен уметник“.

- Некој да ѝ ја смени терапијата на Мадона. Ги плаши децата и ги губи обожавателите побрзо отколку што потона Титаник, напишал еден корисник на Инстаграм.

– Претпоставувам дека некои луѓе уживаат да ја гледаат оваа бизарно облечена баба, додаде друга.

- Што се случи со Мадона? Полуде. Таа беше мојот омилен уметник додека растев. е**но го изгуби умот, пишува во друг коментар.

Од друга страна, некои излегоа во нејзина одбрана, посочувајќи дека пејачката е провокативна од почетокот на кариерата.

- Сите имаат што да кажат за нејзиниот изглед. Нејзините постапки ви прават непријатност, а уметноста токму тоа треба да го прави - да провоцира. Запрашајте се зошто се грижите толку многу. Запрашајте се зошто тоа ви пречи. Дали мислите дека таа се грижи што мислите вие? Знаете ли што мисли таа за вас? Ништо, заклучила еден обожувателка.

Никола Попоски и Бојан Маричиќ во „Само вистина“

Во понеделник 12.12.2022 гости ќе бидат Никола Попоски и Бојан Маричиќ

Бајден наредната седмица ќе ја објави поддршката за прием на Африканската унија во Г20

Американскиот претседател, Џо Бајден, наредната седмица ќе ја соопшти поддршката на СAД за прием на Африканската унија во Групата Г20 на најголемите светски економии како постојани членки, изјави денеска претставник на Белата куќа.

Бајден ќе го соопшти тоа за време на Самитот на американско-африканските лидери во Вашингтон, изјави советникот на Белата куќа, Џад Девермонт.

„Потребни ни се повеќе африкански гласови во меѓународните разговори за глобалната економија, демократијата и управувањето, климатските промени, здравјето и безбедноста“, посочи тој.

Претседателот на Африканската унија и претседател на Сенегал, Меки Сал, и претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, го повикаа Бајден да ја зголеми нивната застапеност во Г20, изјави Девермонт за весникoт „Вашингтон пост“.

Јужна Африка е единствената земја членка на Г20 од Африка.

притисни ентер