Решение во Собранието, да не се губи време на избори - бара меѓународниот фактор

Изминува речиси една недела од спроведување на рефередумот во земјата. Влезот во НАТО и членството во ЕУ на Македонија е приоритет од кој не отстапуваат ниту власта, ниту бројни меѓународни претставници. 

Решение во Собранието, да не се губи време на избори - бара меѓународниот фактор

На Македонија, како што истакнуваат, не и се потребни предвремени избори туку спроведување на Договорот со Грција со обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието.

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан вчера повтори дека не се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија, туку дека треба да се искористи можноста и да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот со Грција. Во изјава за австрискиот весник „Курир“, Хан рече дека оваа порака веќе му ја пренел на македонскиот премиер Зоран Заев.

- Новите избори ќе бидат само одоговлекување на патот кон почеток на преговорите за пристапување на ПЈРМ во ЕУ, што е планирано за летото наредната година, вели Хан.

Хан истакнува дека не може да се каже дека референдумот бил неуспешен.

- Невообичаено е на референдум да се добие поддршка од 94 проценти, но да излезат само 36,8 отсто од гласачите, и тоа бидејќи опозицијата очигледно беше успешна во бојкотирањето, истакнува еврокомесарот.

Еврокомесарот смета дека во Парламентот може да се обезбеди двотретинско мнозинство.

- Потребни се осум или девет гласови од опозицијата и тоа мора да биде остварено. Сите велат дека сакаат членство во ЕУ и НАТО вклучувајќи ја и опозицијата, а тогаш едноставно мора да ја платите цената на ова решение. Станува збор за решение кое е во интерес на земјата, а не на партиите и политичарите. И во таков случај како можат да се обезбедат гласовите? Јас верувам со комбинација меѓу балканското и рационалното, истакнува евокомесарот Јоханес Хан.

Од Вториот македонско-германски форум „Градиме мостови - политики и економија“ што се одржува во Скопје стасаа две пораки за изнаоѓање решение од страна на власта и опозицијата без нови избори.

- Македонија во моментов се наоѓа во многу одлучувачки период по референдумот минатата недела. Треба да се донесе одлука за иднината на државата и тоа долгорочно гледано. Дојдено е време кога опозицијата и Владата треба да се потрудат да најдат политичко заедничко решение, смета пратеникот во германскиот Бундестаг Торстен Фрај.

Според него, не се работи за тоа поединечни пратеници да се поткупат, туку се работи за тоа да се постигне најдоброто за државата.

- Ако сме искрени, ми се чини дека треба да кажеме оти ваква шанса нема да има доколку не се постигне Спогодбата. Тоа е одлука на македонскиот народ и одлука што треба да ја донесе македонското Собрание, истакна Фрај.

Претставникот на фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија, Јоханес Раи смета дека сега по референдумот не се потребни нови избори и оти она што е потребно е попис и прочистен Избирачки список.

- Простете што ќе го кажам и ова, но чудно е кога ни претседателот на Собранието не може да се најде на Избирачкиот список и не може да гласа на референдумот, вели Раи.

Германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберих, пак, повика опозицијата да не го блокира процесот и да се најде решение во Собранието. Рече дека лично се надева оти опозицијата ќе се вклучи во процесот и нема да ја оддалечува земјата од Европската Унија и НАТО.

Амбасадорот Герберих жали што излезеноста на референдумот била само 36 процети но, како што нагласи, референдумското изјазнување било консултативно, а не обврзувачко, и затоа процесот треба да продолжи во институциите.

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос вчера во интервју за грчкото радио „Њуз247” кажа дека Договорот од Преспа секако дека е жив.

- И двете страни, и поранешната југословенска Република Македонија и Грција, се решени да се борат за договорот да стапи во сила, рече Ѕанакопулос.

- Мислам дека е во апсолутно правилна насока иницијативата на господинот Заев, дискусијата да ја пренесе во Собранието и да се обиде да го формира потребното мнозинство за уставната ревизија. Ние тесно ги следиме случувањата, ја поддржуваме иницијативата на господинот Заев, го поддржуваме обидот да го промени Уставот за да може и грчката Влада да го ратификува договорот за да стапи во сила, рече портпаролот на грчката Влада.

Во однос на позициите на владиниот коалициски партнер, Панос Каменос, Ѕанакопулос објасни дека не постои причина за загриженост за иднината на Владата.

- Пред неколку дена господинот Каменос се сретна со премиерот и рекоа дека прашањето со договорот од Преспа, во однос на парламентарниот аспект, одново ќе го разгледаат во март, објасни Ѕанакопулос.

Македонскиот премиер Зоран Заев, пак, во првото интервју дадено по референдумот за BHTV1, повтори дека владејачките партии не сакаат избори, но ако опозицијата се обиде да ја спречи иднината на државата кон ЕУ и НАТО поради лични калкулантски односи, тогаш тие ќе бидат принудени да одат на избори.

Во него Заев истакнува дека ќе сторат се што треба да се обезбеди потребното мнозинство во Парламентот за уставните измени, но доколку опозицијата се обидува да ја спречи иднината на Македонија поради лични интереси, тогаш ќе мора да се оди на избори. Уверен е дека ако оди на избори, ќе добие двотретинско мнозинство бидејќи, како што вели, над 80 проценти од граѓаните се за европска иднина на државата.

- Во суштина верувам дека и опозицијата е за ЕУ. Тие не се против. Но, тие пусти политички калкулации кои ги прават политичките кругови се причина за ова. Дури и лидерот на опозицијата, кој бојкотираше, ако го прашате дали е за ЕУ и НАТО, тој ќе ви рече „да“ и јас во суштина верувам дека тоа е точно, но тој сака да се врати на власт, а тогаш кога сака да се врати на власт, ја загрозува иднината на нашата земја, вели Заев.

Во врска со реакциите на меѓународната заедница по референдумот, Заев рече дека меѓународниот фактор очекува Македонија да продолжи натаму и Парламентот да донесе одлука. /МИА

Маж тепа крокодили со лопата (ВИДЕО)

Збунувачкото и бизарно видео е објавено на интернет и за кратко време стана вирално.

Маж тепа крокодили со лопата (ВИДЕО)

Се гледаат огромни крокодили како лежат на брегот на езеро, по што непознат маж почнува да ги брка со лопата. Врз основа на реакцијата може да се заклучи дека сакал да ги истера назад во водата.

Локацијата останува непозната.

Покрај тоа што овој потег е крајно ризичен, повеќето гледачи го поставија истото прашање - дали имало потреба да се бркаат крокодилите со лопата?

Times Now News известува дека не можеле да го одредат датумот и локацијата каде е снимено видеото.

Некои беа вознемирени и потегот на човекот го нарекоа „суровост кон животните“. Само на страницата Amazing Nature, објавата собра повеќе од 420.000 прегледи.

Онлајн осуди

„Ова не е смешно, можеби е дури и суровост кон животните. Ако редовно ги удира со лопата“, напиша едно лице.

„Не ми е гајле дали е фарма за крокодили или нешто друго. Да ги удираш со лопата е кукавички“, додаде друг.

„Тој не требаше да го направи вака. „Само опуштено лежеа“, заклучи трето лице.

Во еден момент може да се забележи како мажот со лопата удира крокодил по муцката.

Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд

Ричард Бароус, кој го украл идентитетот на тешко болен човек и бегал од правдата речиси три децении, е прогласен за виновен по 54 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.

Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд

Бароус побегнал од Британија во 1997 година за да избегне судење за обвиненијата за сексуална злоупотреба на деца.

Сепак, по 27 години во бегство, тој е уапсен минатата година на аеродромот Хитроу во Лондон, а сега е прогласен за виновен пред судот Честер Краун.

Тој малтретирал малолетни момчиња во интернат и како водач на извидници.

На судењето било слушнато како Бароус малтретирал момчиња на возраст од девет години додека бил учител во интернат во Чешир и како водач на извидници во Западен Мидлендс помеѓу доцните 1960-ти и средината на 1990-тите.

Бароус признал 43 од 105 обвиненија, додека обвинителството отфрли осум точки од обвинението. Тој ги отфрли преостанатите 54 обвиненија, но поротата го прогласи за виновен по сите точки од обвинението.

Осумдесетгодишникот од Бирмингем треба да биде осуден на 7 април.

Речиси три децении бегство и живот под туѓо име

Бароус исчезнал во 1997 година пред да може да му се суди за сексуални злосторства на деца. Полицијата со години се обидувала да го пронајде, но безуспешно.

Неговите злосторства се делумно поврзани со неговата работа во интернатот во училиштето Денесфорд во Чешир од 1969 до 1971 година, како и со извидничките групи во Сатон Колдфилд и Стритли. Злоупотреба се случила и за време на извиднички патувања во Велс, Рос-он-Вај, Котсволдс и Лондон.

На судењето тој тврдел дека побегнал во Тајланд затоа што сакал да плови и дека не извршил никакво злосторство. Тој исто така рече дека решил да се врати во Британија по 27 години бидејќи останал без пари.

Пронајден благодарение на напредната анализа на фотографии

Полицијата во Чешир конечно го пронашла во 2023 година користејќи специјализиран софтвер за анализа на слики на Интернет.

Откриле дека тој го користел лажното име Питер Смит додека живеел во Пукет, Тајланд. Понатамошната истрага открила дека Бароус го украл идентитетот на тешко болен човек и незаконски добил пасош во 1997 година.

Додека британските власти го подготвувале процесот на екстрадиција, откриле дека Бароус планирал сам да се врати во Британија, што овозможи негово апсење во Хитроу.

Полицијата: Ги оставил своите жртви да страдаат додека живеел во рајот

По пресудата, детективот Елеонор Аткинсон од полицијата во Чешир рече дека Бароус систематски ги малтретирал своите жртви и потоа избегал за да ги избегне последиците.

„Наместо да се соочи со последиците од своите постапки, тој побегна како кукавица и го искористи украдениот идентитет на болен човек“, рече таа.

Таа нагласи дека Бароус поминал речиси три децении „живеејќи во рај“, како што тој самиот го опишал својот живот во Тајланд, додека неговите жртви биле оставени да се справат со траумата и да се обидат да ги обноват своите животи.

Посебно е трагично што четворицата жртви не ја добиле правдата бидејќи починале пред да го видат на суд.

Туристи ќе мора да плаќаат и за рекреативно искачување на планина- на Фиџи се плаќа 25 евра

Префектурното собрание на Шизуока донесе резолуција со која се воведува такса за туристите кои сакаат да се искачат на планината Фуџи користејќи три главни патеки.

Туристи ќе мора да плаќаат и за рекреативно искачување на планина- на Фиџи се плаќа 25 евра

Почнувајќи од ова лето, секој алпинист ќе треба да плати 4.000 јени (околу 24,8 евра), пишува Kyodo.

Мерката доаѓа откако соседната префектура Јаманаши објави зголемување на таксата за користење на патеките на истиот износ. Целта е да се намали прекумерниот број посетители и нивното влијание врз природата на највисоката планина во Јапонија, која е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Освен што наплаќаат такса, властите во Шизуока воведуваат и ограничувања за пристап на нивните планински правци - помеѓу 14:00 и 03:00 часот, качувањето нема да биде дозволено, освен за оние кои имаат резервации во планинарски домови. Ова правило има за цел да го спречи ноќното качување без соодветен одмор, што е вообичаена практика меѓу туристите.

Новите прописи стапуваат на сила на 9 мај, пред почетокот на официјалната сезона за искачување во јули. Префектурата Шизуока управува со патеките Фуџиномија, Готемба и Субашири, додека патеката Јошида е под надзор на префектурата Јаманаши. Во текот на летните месеци, планината Фуџи привлекува стотици илјади авантуристи, а овие промени имаат за цел да обезбедат побезбедно и поодржливо искуство за сите посетители.

притисни ентер