„Бела ноќ 2018" на 6 октомври во Скопје

Традиционалната манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи в сабота во главниот град по 14. пат. 

Во рамки на програмата на повеќе локации ќе се одржат изложби, детски работилници, концерти, театарски претстави, инсталации, кино проекции, поетски читања...

Официјалното отворање на годинашната „Бела ноќ“ е на скверот „Јадран“ во 20 часот, со настап на Градскиот дувачки оркестар. Покровител на манифестацијата „Бела ноќ“ е Град Скопје, а технички и програмски организатор е Младинскиот културен центар - Скопје. Вклучени сите институции од културата во главниот град.

Директорот на МКЦ Русе Арсов на денешната прес-конференција соопшти дека „Бела ноќ“ е најголемата градска културна манифестација.

- Годинава акцентот е ставен на домашните уметници и на домашните организатори на културни настани со цел со што е можно повеќе од нив да анимираме и да покажеме што имаме ние како град на програмата, рече Арсов.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов истакна дека првпат во текот на „Бела ноќ“ Скопје станува град на светлината, односно од шести до деветти октомври ќе се одржи фестивалот „Skopje Art Light District“. На граѓаните ќе им се овозможи уникатно доживување исполнето со светлост и многу бои, по европски стандарди. Тоа е резултат на меѓународна соработка на Град Скопје со градот Лион во рамки на проектот „Хоризонт 2020“.

- „Бела ноќ“ е синоним за масовна посветеност и исполнетост со поблика. Убеден сум дека оваа година таа публика ќе биде и побројна и поактивна во манифестацијата, рече Шилегов и ги повика скопјани да уживата во културните настани.

Директорот на Универзална сала и главен организатор на првиот „Skopje Art Light District“ Филип Аврамчев информира дека Скопје првпат ќе биде домаќин на меѓународен фестивал на светлосна уметност.

- Отворањето се поклопува со отворањето на „Бела ноќ“ и ќе се случи пред зградата „Дом Ибни Пајко“ каде граѓаните првпат ќе имаат можност да видат светлосна проекција и тридемензионално мапирање, кое ќе се движи низ замислена патека која е обележана со градското осветлување, рече Аврамчев.

Тој информира дека на овој фестивал ќе настапат вкупно 16 артисти со исто толку различни дела. Фестивалот ќе заврши во Музејот на современа уметност во 23 часот со интерактивен аудио визуелен перформанс.

Целосната програма може да се погледнете на следниот линк: http://belanok.mk/

За време на одржувањето на „Бела ноќ“ организирано е бесплатно возењето во градските автобуси на ЈСП „Скопје“ кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот се до раните утрински часови.

Фото: Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно воодушеви со фотки во секси долна облека.

Популарната пејачка Ријана објави неколку провокативни фотографии за да ја претстави најновата колекција на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.

36 годишната Рири која е и успешна бизнисменка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Бујната пејачка носи црно,чипкано боди со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и оглавици.

Објавата има над 2 милиони лајкови на Инстаграм.

Македонија поразена од Франција во последниот меч на СП 2025

Со пораз од 32-25 (18-14) од фаворитот за медал Франција , најдодобрата репрезентација на Македонија го заврши настапот на 29 Светски шампионат. 

Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.

Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.

По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.

И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...

Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.

Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.

Фото: Нивес ужива во Дубаи

Најпознатата хрватска старлета, која воедно е и писателка и водителка Нивес Целзиус покажа како ужива во монденскиот Дубаи.

Провокативната Нивес откако неодамна го објави своето патување, откри дека нејзината крајна дестинација бил Дубаи.

На социјалните мрежи хрватската старелета на радост на фановите објави фотки од одморот на кој таа позира во секси бикини а во преден план се нејзините бујни облини .

Нивес во Дубаи заминала со својата ќерка Таиша и една блиска пријателка.

притисни ентер