Расчистува ли ВМРО-ДПМНЕ со противниците на бојкотот во партиските структури?

Расчистува ли ВМРО-ДПМНЕ со партиските структури, противници на бојкотот. На синоќешниот Извршен комитет е разрешен заменик генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески.

Реформаторот Петар Богојески доцна синоќа е разрешен од партиската функција земеник генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ со одлука на Извршниот комитет. Од партијата тврдат дека разрешувањето е резултат на непрофесионално работење, за Богојески пак причината се разликите меѓу партиските и концептите кои ги подржува реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ.

Едноставно непомирливи се нашите два концепти, едниот за демократизација, модернизација и европеизација, а другиот за клиентелизација, криминализација и авторитарен кариеризам во ВМРО ДПМНЕ и невозможно е двата да функционираат заедно, наведува Богојески на својот фејбук профил по неговото разрешување.

,,ВМРО ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата, тргна во целосно погрешен правец и не е можно заедно на истиот воз во истиот правец. Се надевам за кратко ќе биде тоа констатирано и ќе биде земен друг тек.Ќе повторам, го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас. Се плашам дека тие политики одат во корист на плановите за поширока политичка и безбедносна дестабилизација на регионалната стабилност, што ќе резултира со загрозување на македонската државност, што за мене е без простор за било каков компромис. Мојата максима беше и останува “Да изгубиме сите, а да добие Македонија!” . Република Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, со или без овие политички елити на македонската политичка сцена.

Богоески во неделата го оствари правото на глас и гласше на референдумот и отворено го повикуваше членството на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на галасање наспроти официјалниот став на партијата за постапување по сопствено убедување. Од опозицијата не одговорија дали е можно судбината на Богојески да ја доживеат и останатите членови на ИК кои се изјаснија на референдумот или не ги делат истите ставови со раководството на партијата. Неофицијално се споменуваат имињата на реформаторот Коста Богданов кој пред синоќешниот Извршен комитет рече дека според него најдобро е пратениците да ја преземат својата одговорност и процесот со уставните измени да се заврши во собрание, како и еден од потпретседателите на апртијата и актуелен градоначалник Митко Јанчев.

Богданов засега останува дел од ИК на партијата, но во телефонски разговор за Канал 5 вели оти не ја исклучува можноста за поднесување оставка, а тоа ќе зависи од следните чекори кои ќе ги преземе партијата. Јанчев пак вели информација за неговоро разрешување до досега не пристигнала до него, најавувајќи го своето присуство на вечерашниот состанок. Евентуалните разрешувања би можеле да се случат вечерва за кога е закажана седница на Централниот комитет кој е задолжен за смена на членови во партиските тела.

Фото: Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно воодушеви со фотки во секси долна облека.

Популарната пејачка Ријана објави неколку провокативни фотографии за да ја претстави најновата колекција на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.

36 годишната Рири која е и успешна бизнисменка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Бујната пејачка носи црно,чипкано боди со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и оглавици.

Објавата има над 2 милиони лајкови на Инстаграм.

Македонија поразена од Франција во последниот меч на СП 2025

Со пораз од 32-25 (18-14) од фаворитот за медал Франција , најдодобрата репрезентација на Македонија го заврши настапот на 29 Светски шампионат. 

Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.

Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.

По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.

И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...

Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.

Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.

Фото: Нивес ужива во Дубаи

Најпознатата хрватска старлета, која воедно е и писателка и водителка Нивес Целзиус покажа како ужива во монденскиот Дубаи.

Провокативната Нивес откако неодамна го објави своето патување, откри дека нејзината крајна дестинација бил Дубаи.

На социјалните мрежи хрватската старелета на радост на фановите објави фотки од одморот на кој таа позира во секси бикини а во преден план се нејзините бујни облини .

Нивес во Дубаи заминала со својата ќерка Таиша и една блиска пријателка.

притисни ентер