Димитров: Со убедливото мнозинство „За" должност е да се оди напред

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров истакна денеска дека со убедливото мнозинство граѓани кои излегоа да гласаат на референдумот и дадоа поддршка за Договорот од Преспа, должност е да се оди напред со или без нови избори.

Тој денеска на својот Фејсбук профил објави статус насловен „Факти за референдумот“.

- Да имаше еден, ЕДЕН глас ПРОТИВ повеќе, ќе се поклоневме и ќе креневме раце. Но, со вака убедливо мнозинство „ЗА“, наша должност кон народот е да најдеме начин да зачекориме напред, без или со нови избори, вели шефот на дипломатијата.

Тој во статусот говори за конкретни бројки на референдумот, за реалноста на избирачкиот список, за карактерот на рефрендумот и за неговата вклученост во програмата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ...

- Дали е факт дека на референдумот не гласаа повеќе од половината граѓани (903.169) од вкупно запишаните на избирачкиот список (1.806.336)? Да. Дали е факт дека избирачкиот список не е воопшто реален, ако се земат предвид податоците на Фондот за здравствено осигурување? Да. 416.382 се малолетни лица, без право на глас, од вкупно 1.872.466 осигуреници. Дали стотици илјади граѓани ни се иселени? Да. Дали е факт дека референдумот беше консултативен, односно незадолжителен? Да. Дали е факт дека без формална излезност, одлука на народот, одлуката се враќа на институциите? Да. Дали е факт дека со постигната излезност беа потребни само 441.585 гласови ЗА? Да. Дали е факт дека имавме 609.813 гласови ЗА? Да. Тоа значи дека не ни требаа повеќе гласови ЗА, туку повеќе гласови ПРОТИВ. Дали е логично да фалат гласови ПРОТИВ, за резултатот да биде ЗА? Не е, нагласува Димитров.

Тој прави паралела со парламентарните избори во 2016. и локалните во 2017.

- Дали е факт дека 609.813 граѓани се поголемо мнозинство од сите граѓани кои гласале на парламентарните избори во 2016 (1.191.854) и од сите кои гласале на локалните избори во 2017 (1.079.876)? Да, пишува министерот за надворешни работи.

Продолжува со појаснување на успешноста на референдумот во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Дали е факт дека во програмата на ДПМНЕ на страна 295 пишува дека референдумот ќе биде успешен доколку го поддржат мнозинство од граѓаните кои ќе ИЗЛЕЗАТ да гласаат, а не мнозинство од запишаните на избирачкиот список? Да. Еве цитат: “ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референ - думот да се согласни со можното решение, пишува Димитров.

Министерот нагласува дека прашањето за референдумско консултирање на граѓаните за прашањето за името било воведено и од сегашната опозиција, која сега, како што напиша решила да „апстинира“.

- Дали е факт дека се плашеа од пораз и решија да не учествуваат (секоја чест на исклучоците) и да се кријат зад иселените, кои решиле да си ја бараат Европа надвор од Македонија? Да. Дали е факт дека ова мнозинство граѓани, кое би победило и на парламентарните во 2016 и на локалните во 2017 сака Македонија да оди напред? Да. Дали Собранието ќе најде сила да го слушне гласот на мнозинството? Гласот на народот? Ќе видиме деновиве, истакна шефот на дипломатијата.

- Да беше лесно, немаше да биде историски. Напред и нагоре! Ќе не’ биде!, дополни тој во својот ФБ статус.

Австралиската полиција заплени рекордни 2,3 тони кокаин- им се расипал бродот (ВИДЕО)

Австралиската полиција денеска соопшти дека заплениле рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица откако брод со дрога се расипа во близина на брегот на Квинсленд.

Полицијата наведува дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и дека како максимална казна им се заканува доживотен затвор, пренесе АП.

Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари.

Инспекторите им рекоа на новинарите во Бризбејн дека дрогата била транспортирана од Јужна Америка.

Апсењата вчера и завчера уследија по едномесечна истрага што следеше по дојавата дека криминална банда планирала операција за шверц на неколку тони кокаин, соопшти полицијата.

Германец исчезнал без трага, по 20 часовна полициска потера го нашле на најнеочекувано место

Неименуваниот 66-годишен Германец преживеал непријатни и напнати 20 часа, колку што бил исчезнат во родниот град, општина Ној-Улм.

Неговото семејство повикало полиција и им објасниле дека тој излегол од куќата во петокот попладне и повеќе не се вратил. Не контактирал со нив, како што обично прави, а тие биле загрижени дека нешто му се случило.

По пријавата, властите организирале претрес, а најпрвин ја посетиле компанијата во која работи човекот, пренесува Kleine Zeitung.

Во зградата немало многу малку вработени поради викендот, а обезбедувањето по кратко доцнење ја разрешило енигмата. Несреќниот маж бил пронајден заклучен во тоалетот, а со себе немал мобилен телефон.

Поради некоја причина, вратата од тоалетот се затворила и тој останал заробен. Бидејќи неговите колеги заминале дома, немал кого да повика на помош.

Но, тоа не било крајот на искушението. Полицајците не можеле да ја отворат вратата, па на помош била повикана локалната противпожарна единица. Проблемот го решиле со хидрауличен уред и несреќниот човек конечно успеал да се врати кај семејството.

Според полицијата, тој под овие околности добро се однесувал.

По „затворот“, мажот повторно вчера излегол на свеж воздух, и тоа околу 4 часот наутро“, соопштено е.

Израел одговори на провокацијата, го нападна Хезболах во Либан

Израел започна серија воздушни напади во областа Набатиех во јужен Либан како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула.

Израел започна серија воздушни напади во областа Набатиех во јужен Либан како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула, што е првпат групата да го нападне Израел откако стапи на сила прекинот на огнот во средата наутро минатата недела, објави Гардијан.

Вечерва Хезболах истрела две ракети во близина на набљудувачка кула во окупираните фарми Шеба. Ракетите паднале на отворен простор и не предизвикале повредени. Во соопштението, групата рече дека нападот на набљудувачките кули бил „почетен предупредувачки одбранбен одговор“ на „повторените прекршувања“ на прекинот на огнот од страна на Израел.

Портпаролот на израелската војска изјави дека војската напаѓа цели во Либан, но „подоцна ќе даде дополнителни детали“. Еден час претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети „силен“ одговор на нападот на Хезболах.

Израелските воздушни напади се најсериозните откако беше воспоставен прекинот на огнот во средата. Обновувањето на одмазднички напади во јужен Либан и северен Израел предизвика загриженост дека конфликтот меѓу Хезболах и Израел би можел да продолжи само пет дена по објавувањето на прекинот на огнот.

притисни ентер