Која преку руското МНР порача дека референдумот дефитинивно е неуспешен и дека за евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција ќе треба да одлучува и Советот за безбедност на ОН, што од медиумите, особено во Грција, беше оценето како прикриена закана за руско вето во ОН.
Според договорот потпишан меѓу Република Македонија и Република Грција, постапката во Обединетите нации е утврдена и ги предвидува следниве чекори:
Прво, откако ќе се заврши процесот на имплементација или уставните промени во Република Македонија и ратификација на договорот во грчкиот Парламент, генералниот секретар на обединетите нации ќе испрати информација до Советот за безбедност на ОН дека прашањето е затворено со взаемна согласност на двете страни.
Второ, Советот за безбедност на ОН за оваа информација нема ниту да дискутира, ниту да одлучува.
За тоа говорат прецизните ставови 5,6 и 7 од член 20 од договорот:
- Разликата и преостанатите прашања наведени во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН ќе се сметаат за решени по влегувањето во сила на оваа спогодба.
- Што е можно поскоро по влегувањето во сила на оваа спогодба, страните или една од страните ќе го извести генералниот секретар на Обединетите нации за влегувањето во сила на оваа спогодба, како и за датумот на кој истата влегла во сила, а со цел нејзино спроведување во Обединетите нации.
- Оваа спогодба не е насочена против која било друга држава, ентитет или лице. Таа не ги загрозува правата и должностите кои произлегуваат од билатералните и мултилатералните спогодби кои се веќе во сила, а кои двете страни ги склучиле со други држави или меѓународни организации.
Во Македонија во неделата беше организиран референдум на кој граѓаните одговараа на прашањето „Дали сте за члнство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“. „За“ гласаа 91,46 отсто од граѓаните кои излегоа на гласање, а „против“ беа 5,66 од вкупно излезените 666.344 избирачи или 36,89 отсто од вкупниот електорат во Македонија.
Поддршка од опозицијата за уставните амндмани или распишување на предвремени избори се двете опции што ги најави премиерот Зоран Заев веднаш по добивањето на резултатите од референдумот заради посветеноста кон натамошната имплементација на Договорот од Преспа. И власта и западните лидери, но и аналитичарите во земјата и надвор, сметаат дека сега е клучно да се обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот, односно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја следат волјата на повеќе од 600.000 граѓани кои гласаа и го поддржаа договорот. Укажуваат дека со оглед на фактот дека речиси 80 отсто од населението во Македонија го поддржува влезот на земјата во ЕУ и НАТО од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да покажат одговорност за иднината на земјата. Според најавите на премиерот Заев, ако ВМРО-ДПМНЕ сепак одлучи да блокира тогаш нема друга опција освен предвремни парламентарни избори.