Грција останува посветена на Договорот од Преспа - Канал 5

Грција останува посветена на Договорот од Преспа

Грција останува посветена на Договорот од Преспа, објави синоќа грчкото МНР, веднаш по завршувањето на гласањето на референдумот во Македонија за Договорот.

Грција останува посветена на Договорот од Преспа

Според нивната оценка, резултатите од референдумот се контрадикторни, бидејќи голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам. Грција, како што се посочува, го почитува изборот на граѓаните од соседната земја.

Додаваат дека според нив, климата на национализам и сомнеж, секојдневните лажни вести и фанатизмот, не дозволувале да се направи трезвена проценка на големите придобивки од договорот и го спречуваат заемното разбирање меѓу народите.

- Следните чекори потребна е трезвеност од сите страни, независно, за да се обезбеди позитивна динамика на Договорот од Преспа, додаваат од Министерството за надворешни работи на Грција, во соопштението за резултатите од референдумот.

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас синоќа по завршувањето на гласањето, имале телефонски разговор. Како што пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА, Ципрас го поддржал Заев за „одлучноста и храброста да продолжи со спроведувањето на договорот“.

За исходот од референдумот прв од Брисел вчера се огласи еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, а по него и првиот човек на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Хан оцени дека гласовите “за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа.

- Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното “да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата, напиша Хан на Твитер и изрази очекување сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност во интерес на земјата.

Столтенберг, пак, повтори дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат.

- Го поздравувам гласот „за“ на референдумот во Македонија, итно ги повикувам сите лидери и партии да се ангажираат конструктивно и одговорно за да ја зграпчат оваа историска прилика, напиша Столтенберг на Твитер. /МИА

Европските сили го повикуваат Иран да се врати на нуклеарните преговори

Европските сили го повикуваат Иран да се врати на нуклеарните преговори, според француски дипломатски извор.

Европските сили го повикуваат Иран да се врати на нуклеарните преговори

Високи дипломати од Велика Британија, Франција и Германија го повикаа Иран брзо да се врати на преговарачката маса за неговата нуклеарна програма, изјави француски дипломатски извор, додека се разгорува конфликтот меѓу Израел и Исламската Република.

Министрите за надворешни работи на земјите разговараа доцна синоќа со највисоката дипломатка на ЕУ, Каја Калас, и „го повикаа Иран да се врати, што е можно поскоро и без предуслови, на преговарачката маса“ за неговата нуклеарна програма, изјави изворот под услов на анонимност, пренесоа француските медиуми.

Барселона одлучи да ја активира откупната опција на Вилијамс

Барселона донесе конечна одлука за трансферот на напаѓачот на Атлетик, Нико Вилијамс.

Барселона одлучи да ја активира откупната опција на Вилијамс

Според Фабрицио Романо, клубот одлучил да ја активира опцијата за откуп на играчот за 58 милиони евра откако добил позитивен одговор од играчот. За комплетирање на трансферот, на Барселона ќе и бидат потребни уште неколку рунди преговори со агентот на шпанскиот фудбалер.

Вилијамс игра за Атлетик од 2021. Во сезоната 2024/25 има 11 голови и седум асистенции на 45 натпревари во сите натпреварувања.

Договорот на играчот со клубот е до летото 2027 година.

Висок британски советник: Сојузниците во НАТО не се подготвени за војна

 Велика Британија и нејзините западни сојузници не се доволно подготвени за модерно војување, а особено за брза примена на нови воени технологии, предупреди членката на тимот за стратешки одбранбен преглед (СДР) на британската влада, Грејс Каси

Висок британски советник: Сојузниците во НАТО не се подготвени за војна

Стратешкиот документ, кој ги анализира клучните безбедносни закани за Обединетото Кралство, ја нагласува итната потреба од инвестиции во напредни капацитети, муниција и оружје со долг дострел, како и способноста за брзо прилагодување на технологијата, пишува бриселскиот „Политико“.

Иако сите препораки беа усвоени, британскиот премиер Кир Стармер одби да се обврзе на зголемување на трошоците за одбрана на три проценти од БДП, што е износот што експертите го сметаат за минимум неопходен.

притисни ентер