Поддршка за уставните амандмани или предвремени избори - Канал 5

Поддршка за уставните амандмани или предвремени избори

Поддршка од опозицијата за уставните амандмани или распишување предремени избори, се двете опции што ги најави премиерот Зоран Заев по вчерашниот референдум на кој македонските граѓани се изјаснуваа за Договорот со Грција и членство во ЕУ и НАТО.

Поддршка за уставните амандмани или предвремени избори

- На референдумот гласаа повеќе од 650 илјади граѓани и повеќето од 90 отсто гласа „за“. Со тоа порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ, порача Заев.

Европска Македонија, рече, доби повеќе гласови „за“ од кој било победник на изборите во независна Македонија, а народот направи многу важен избор.

Тој истакна дека алтернативата на изгласувањето на уставните амандамани се предвремени избори, кои како што рече, би се одржале во ноември. Апелираше до опозицијата и до сите политички партии да се обединат околку државниот интерес и да ги тргнат настрана теснопартиските интереси.

- Знам јас, знае опозицијата, а знаат и сите граѓани, подобар договор со Грција нема и неможе да има. Членството во НАТО и ЕУ нема алтернатива и не може да има. Да не си играме со нашата иднина и со нашата Македонија, рече премиерот Зоран Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, пак, изјави дека граѓаните кои гласале „против“ на референдумот и оние кои не излегле на гласање ја испратиле најгласната порака дека „Ова е Македонија“.

На прес-конференцијата, Мицковски оцени дека Македонија се изјаснила против Договорот со Грција.

- Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите претци биле Македонци“, рече Мицкоски, додавајќи дека референдумот е пораз не само на Договорот, туку и на, како што кажа, „криминалното владеење на власта“.

Запрашан дали ќе прифати предвремени парламентарни избори Мицковски кажа дека „Заев не треба да бара предвремни парламентарни избори туку подобро му е да се подготвува за политичка пензија“.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, пак, рече дека Парламентот ќе прави напори да озбебеди консензус по ова прашање бидејќи, како што рече не се работи за теснопартиски интереси, туку интересот на државата и граѓаните.

- Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори тоа е работа на парламентарните политички партии кои доколу обезбедат мнозинство во соодветна процедура која е пропишана во Деловникот и другите закони ќе може да се спроведат, рече Џафери.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров за време на кампањата пред референдумот во врска со потребните уставни амандмани подвлече дека тоа е работа и задача на Собранието, кое го отвора процесот со минимум 80 пратеници, а текстот се гласа со помало мнозинство.

- Уставните амандмани не се напишани ниту се преговарани. Нив ќе ги формулира Собранието на Република Македонија со големо двотретинско мнозинство, со јавна дебата, со расправа по комисии. Тоа е процес со цврсти рокови утврдени во деловникот на Собранието, рече шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Тој ги појасни поентите на четирите уставни амандмани. Првиот, рече се однесува на географската одредница северна кон името Македонија, а вториот се однесува на тоа да не ги чепкаме границите, уште поголем чекор од немање територијални претензии што е дел од спогодбата.

- Ниту Грција кон нас има територијални претензии ниту ние кон нив. Грижата за припадниците на македонското малцинство во соседните земји ќе се прошири на грижа за правата на целата дијаспора на РМ во целиот свет. И конечно во делот на преамбулата нема да се чепка ништо во делот на државно-правниот наратив, кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ, до референдумот за независност од 1991 година, туку ќе ги конкретизира, поединечно ќе ги наведе конститутивните одлуки на АСНОМ. Тоа се поентите. Формулациите не постојат ниту се преговарани, бидејќи тоа е наша работа, на Собранието, рече Димитров.

Во контекст на можноста за предвремени парламентарни избори, Уставот предвидува тие , предвремени парламентарни избори се одржуваат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието и со него се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејства и денот на одржување на изборите. Од денот на распишуввањето на изборите до денот на одржувањето не можат да поминат повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена.

За Парламентот да се распушти потребно е за тоа да се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници, што во сегашниот 120-член состав би значело 61 пратеник. /МИА

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија и како одговор на интересот на САД за регионот, јави ДПА.

Двајцата лидери ќе разговараат со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за безбедноста во Северен Атлантик и Арктикот, како и за развојот на економијата, климатските промени и обновливите извори на енергија.

Посетата доаѓа неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, каде што ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп.

Тензиите се зголемени откако Трамп повторно ја актуелизираше идејата за американско преземање на Гренланд. Данска и Гренланд тоа категорично го отфрлија.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%

Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%, и раст на преработувачката индустрија од 6,6 проценти.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДС после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти.

После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа.

Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула.

Имаме раст на трговијата во индустријата од 6%, раст на преработувачката индустрија од 6,6%.

Раст на прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар, каде имаме многу повеќе раст од домашниот. Прометот во трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 – 7,6 проценти.

За краток период Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ исто така успеа да ги стабилизира буџетските приходи, и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите.

Владата работи посветено со домаќински скроен буџет, се зголемија платите во клучни сектори како здравство, образование, полиција, се работи на конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста со цел подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

 Израелската војска преку објава на социјалните мрежи на фарси јазик издаде итно предупредување до граѓаните на Иран да се повлечат од близина на воени постројки и објекти поврзани со производство на оружје.

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

„Итно предупредување до сите ирански граѓани: Сите лица што моментално се наоѓаат или планираат да бидат во близина на фабрики за производство на оружје и нивните поддржувачки институции, нека ги напуштат овие области веднаш и да не се враќаат додека не добијат поинакви насоки“, се вели во пораката на официјалниот профил на израелската армија на фарси јазик.

притисни ентер