Ботас му ја подари победата на Хамилтон во Сочи

Валтери Ботас го пушти Луис Хамилтон пред себе и така му подари уште една победа на Британецот во неговата битка за светската титула во Фолмула 1. 

Тој триумфираше во Русија, но благодарение на тимските наредби, што сигурно ќе донесе критики кон тимот.

Финецот доби наредба од боксот да ја отстапи својата позиција во средината на трката откако Британецот не успеа да се одалечи од Себастијан Фетел.

Тој го направи тоа и така Хамилтон ја забележа 8-та победа сезонава и 70-та во кариерата. Британецот има 306 поени или вкупно 50 повеќе Фетел, кој остана трет во денешната трка и има 256.

Со второто место Ботас излезе трети во генералниот пласман со 189 поени, додека Кими Раиконен е чатврти со 186 поени.

Ковид-19 најважен предизвик за државата во следните месеци

Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид-19 која останува најважен предизвик и во следните месеци

Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид-19 која останува најважен предизвик и во следните месеци, но според сегашните проценки, не се очекува развој на пандемијата што би имал влијание врз општата безбедност во земјата, заклучи Советот за безбедност на вчерашната седница.

Шефот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот изјави дека во однос на мерките за справување со пандмијата во моментов генерално во Европа и во светот има само малку држави, кои се решаваат на ригидни мерки како оние кои ги имавме пред три или четири месеци, на пример со 96-часовен полициски час. Сепак, според него, ако дојде до поголема бројка на заразени, државата треба да има стратегија да се справи со тоа со друг сет мерки, кои би биле економски поиздржливи.

– Јас се согласувам негде да затегнеме, негде да попуштиме, меѓутоа на системско ниво, на ниво на цела територија мислам дека тоа што го поминавме треба да остане во историјата, истакна Пендаровски.

Шефот на државата и во видео-обраќање пред Генералното собрание на ОН нагласи дека оваа 2020-та година е несомнено една од најтешките години која ја живее човештвото во поновата историја, бидејќи пандемијата со Ковид-19 за само неколку месеци, освен што однесе безмалку еден милион човечки животи, остави длабоки последици во речиси секоја сфера од нашето живеење, за што ќе ни бидат потребни години додека целосно закрепнеме.

– Ковид-19 предизвика тектонски промени во поредокот кој го знаеме, но, ни овозможи и реален увид во националните капацитети на јавното здравје за справување со кризи од планетарни димензии. Ковид-19 е само уште една во целиот спектар од кризи со кои се соочуваме како човештво и ниту една од нив не е целосно изолирана од другите. Здравствената криза е истовремено и економска и социјална бидејќи предизвикува сиромаштија, а, сиромаштијата е плодна почва за екстремизам и конфликти, истакна Пендаровски.

Директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ смета дека со доаѓањето на зимата ќе биде уште потешко да се заштитиме и да го намалиме ризикот од инфекција со новиот коронавирус, доколку строго и принципиелно сите не се придржуваме до препорачаните мерки.

– Поради ниските температури ќе бидеме затворени внатре, ако не се придржуваме на високите стандарди за одржување на хигиената, правилното користење на маската и избегнување собири каде не може да се обезбеди соодветна дистанца, ризикот од пренесување на инфекцијата ќе биде поголем, оценува Стевановиќ.

Според неа, во текот на зимскиот период има многу други горно-респираторни инфекции кои се пренесуваат на ист начин и со слични симптоми како и новиот коронавирус, па ќе биде и потешко да се диференцираат.

– Затоа, придржувајте се на препорачаните мерки за превенција, порачува Стевановиќ

Во услови на неизвесност со развојот на состојбата со Ковид-19 и во пресрет на стартот на новата учебна година Владата го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачи на училиштата за организирање на настава со физичко присуство.

Владата го прифати предлогот на Комисијата, согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 основни училишта од кои шест државни училишта за деца со посебни образовни потреби, едно приватно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта и 147 подрачни основни училишта.

Дадена е согласност за настава со физичко присутво и во четири средни училишта од кои две државни за деца со посебни образовни потреби, една приватно средно училиште и едно општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава со физичко присуство добија 10 средни училишта – пет уметнички, четири општински училишта и Спортската академија.

Според најновите податоци, во последните 24 часа се регистрирани 183 нови случаи со Ковид-19 од направени 1.769 тестирања. Во истото деноноќие, во болнички услови починаа пет пациенти, а регистрирани се 102 оздравени пациенти.

Со последната статистика вкупниот број на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 17.049, од кои 14.186 оздравеа, 710 починаа, а цифрата на активни случаи изнесува 2.153.

Со четири новопримени пациенти, вкупниот број на хоспитализирани на Инфективната клиника во скопје изнесува 73, од кои на кислородна поддршка се 45 пациенти, а нема ниту еден на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани четири деца и четири мајки позитивни на Ковид-19 и едно дете и една мајка суспектни на вирусот, додека во ГОБ „8 Септември" вкупно се хоспитализирани 32 пациенти, од кои на респиратор се тројца.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, во болницата во Штип 43, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга вкупно се хоспитализирани 158 лица, позитивни и сомнителни на Ковид-19. /МИА

Дневен хороскоп за 24.септември 2020 година

Дневен хороскоп за четврток,24.септември 2020 година. 

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Додека саканата личност ќе ве поттикнува на отвореност , дури и преку провокации , вие ќе имате потреба за да зсе повлечете.

Кариера

Одлично ќе ви одат сите работи за кои треба да ја активирате интуицијата или уметничките способности.

Здравје и совет

Читајте меѓу редови.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Додека вие сонувате за нежност и внимание, партнерот ве изненадува со откачен предлог што ви носи немир.

Кариера

Ќе има минливи проблеми во усогласувањето на мислењата меѓу вас и вашите деловни партнери.

Здравје и совет

Треба да бидете трпеливи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Попустливост во комбинација со зголемена самодоверба , ќе биде доказ дека вашите лични односи добро се развиваат.

Кариера

Ќе ги игнорирате неважните работи и ќе си дозволите малку поопуштено темпо на работење. Но , тоа ќе потрае само денеска.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се чувствувате многу сигурнио во своите лични односи. Они кои уште се сами ќе соберат храброст за да направат нешто во освојувањата.

Кариера

Продолжувате да работите посветено и темелно. Упорни сте , а резултатите се веќе видливи. Тоа ве радува.

Здравје и совет

Ќе бидете среќни и мирни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Поврзаноста со друштвото и пријателите денеска ќе ви биде поважн аотколку врската со саканата личност.

Кариера

Со помош на други , може да тргнете во деловно претприемништво. Сами малку ќе може да направите.

Здравје и совет

Пребројте ги калориите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Со хумор ќе ги победувате емотивните фрустрации , што денеска ќе бидат засилени во однос на претходните денови. Издржете.

Кариера

Ќе ги игнорирате барањата на своите претпоставени и ќе работите по свое. само делумно сте во право.

Здравје и совет

Заморот ве стигнува.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата позитивна љубовна страна продолжува преку пријатни разговори и засилено движење меѓу луѓе.

Кариера

Денеска ќе ви биде интересно на работното место. освежувањето ќе го донесат новите соработници , со кои ќе комуницирате.

Здравје и совет

Ќе бидете добро расположени.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе посакате да внесете предизвик вовашата врска, па ќе се обидете малку да ја испровоцирате саканата личност, секако со добри намери.

Кариера

Доколку ви приговараат дека не сте ја завршиле добро работата , не го земајте тоа при срце. Видете што може да се поправи.

Здравје и совет

Мала емотивна напнатост.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата љубезност ќе изгледа како да е лажна , зашто зад неа криете интерес за да завладеете се саканата личност.

Кариера

Новите работи што се појавуваат на работното место ќе ги вознемират оние ки ви работеле зад грб или во тајност.

Здравје и совет

Ќе се насмеете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Компромиси во односите ќе најдете со помош на вашите пријатели. Тие ќе знаат да видадат совет и насока.

Кариера

И натаму одите кон подобро , но вложувате се повеќе напор.Служете се со знаење , хумор и шеги за да си олесните.

Здравје и совет

Треба убаво да се наспиете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе бидете конструктивни во своите дискусии со партнерот , што на крај ќе резултира со вашите хумористични заклучоци.

Кариера

Многумина ќе се трудат за да се изразат на вистински начин или она што долго сте го подготвувале ќе излезе на виделина.

Здравје и совет

Ќе успеете во своите намери.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе имате шанса за да ја докажете својата смисла за практичност во секојдневниот живот.

Кариера

Ќе бидете задоволни од напредокот на работите. Денеска средувате некои ситни работи и тоа не ви оди лошо.

Здравје и совет

Мали дигестивни проблеми.

Објавена листата на стоте највлијателни личности во 2020, од политичари до рапери

Сепак, некои традиции не се прекинати во непредвидливата 2020 година, па „Тајм“ денес го објави својот традиционален список на 100 највлијателни луѓе.

Во оваа прилика, тие дизајнираа дури осум насловни страници, во кои беа вклучени претседателот на Тајван Цаи Инг-Вен, иницијаторите на движењето „Црните животи се важни“ Алисија Гарза, Патрис Кулорс и Опал Томети, имунологот Ентони Фаучи, бизнисменот Сундар Пичаи, медицинската сестра Ејми О Саливан, парот актерки Габриел Унион и кошаркарката Двајан Вејд и музичарите The Weeknd и Megan Thee Stallion.

Меган Ти Сталион е таа што на списокот предизвика најмногу полемики. Таа, заедно со Карди Б, е автор на високо признаената песна „WAP“ (што е скратеница за Wet Ass Pussy). Самите автори ја нарекоа песната феминистичка химна, во која се фалат дека не готват и чистат, но знаат некои други работи, а може да претпоставите кои. Тие се сретнаа со бројни одобрувања, но и критики за наводно ширење феминистичка пропаганда со голотија и експлицитно нагласување на нивната сопствена сексуалност. Меган заврши на списокот во категоријата Пионери. Други категории се: уметници, водачи, титани и икони.

На списокот на 100 највлијателни лица се најдоа музичарите Џеј Балвин, Селена Гомез, Џоџо Сива и Халси, кошаркарите Двејн Вејд и Џанис Антетокомунпо и политичарите Нејтан Ло, Ангела Меркел и Џо Бајден.

На веб-страницата „Тајм“ можете да најдете текстови за сите луѓе кои се прогласени за највлијателни. Интересно е што текстовите не ги напишаа нивните новинари, туку гостите. Леонардо ди Каприо пишувал за активистот на Амазон, Немонте Ненкимо, Камила Кабело за Џеј Балвин, Мери Bеј Ближ за Џенифер Хадсон, Тејлор Свифт за Фиби Валер-Бриџ и Ким Кардашијан за Џоџо Сиви.

Списокот беше претставен во живо на телевизија за прв пат во нејзината историја.

притисни ентер