Косовски специјалци на Газиводе во Косово ја дигнаа тензијата во Белград

По изјавата на Министерот за внатрешни работи на Србија , дека косовски специјалци ја зазеле хидроцентралата ,,Газиводе”  и дека се уапсени Срби , се дигна тензијата во Приштина и во Белград.

Според српските медиуми , имало уапсени Срби во близина на хидросистемот Газиводе , во чија близина живее српско население. Оваа информација подоцна ја демантира Марко Ѓуриќ , директор на канцеларијата за Косово.

Нешто подоцна и претседателот на собранискиот одбор за Косово , Милан Дрецун изјави дека немало заземање на хидросистемот Газиводе од страна на косовските специјалци , туку дека го обезбедувале патот по кој требало да помине претседателот на Косово , Хашим Тачи.

Четворица уапсени во Брисел под сомневање за корупција во Европскиот парламент

Четири лица, меѓу кои и поранешен пратеник во Европскиот парламент, се уапсени во Брисел како дел од истрагата за корупција поврзана со земја во Персискиот залив, соопшти Федералниот јавен обвинител на Белгија.

Државното обвинителство не ја именувало државата, но според белгискиот дневен весник „Ле Соар“ станува збор за државата Катар чии функционери наводно се обиделе да купат поранешен претставник на италијанските социјалисти, кој бил во ЕП од 2004 до 2019 година.

Истрагата опфатила дејствија „корупција“ и „перење пари“ од организирана банда, соопшти истрагата. Неколку месеци, белгиските истражни судии „се сомневаа дека една држава од Персискиот Залив влијаела врз економските и политичките одлуки на Европскиот парламент, со плаќање суми на пари или нудење големи подароци на трети лица кои, поради нивната политичка и/или стратешка положба, имаат големо значење“ во таа институција.

Сојузното државно обвинителство, кое е задолжено за истрага на кривични дела тероризам и организиран криминал, не го открива идентитетот на приведените лица. Утринава во рамките на истрагата нарачана од судија од Брисел, извршени се 16 рации во различни општини на главниот град на Белгија, каде се наоѓа и седиштето на ЕП.

Покрај четворицата уапсени, во рамки на истрагата полицијата запленила „околу 600.000 евра во кеш“ и „компјутерски материјал и мобилни телефони“ чија содржина ќе се анализира. Цел на операцијата биле помошниците на европратениците кои работат во ЕП. Меѓу уапсените е и поранешен пратеник во Европскиот парламент, соопшти државното обвинителство.

Мадона продолжува со чудни објави: Губи фанови побргу од тонењето на Титаник

Кралицата на попот и понатаму ги загрижува обожавателите со своите објави на социјалните мрежи.

Така таа неодамна објави видео во кое носи црна маска од тантела додека пркосно држи црно стапче во устата и, изгледа, се снима себеси.

Следбениците тешко се справуваат со прилично необичните објави на Мадона и масовно негодуваат на однесувањето на нивниот „некогаш омилен уметник“.

- Некој да ѝ ја смени терапијата на Мадона. Ги плаши децата и ги губи обожавателите побрзо отколку што потона Титаник, напишал еден корисник на Инстаграм.

– Претпоставувам дека некои луѓе уживаат да ја гледаат оваа бизарно облечена баба, додаде друга.

- Што се случи со Мадона? Полуде. Таа беше мојот омилен уметник додека растев. е**но го изгуби умот, пишува во друг коментар.

Од друга страна, некои излегоа во нејзина одбрана, посочувајќи дека пејачката е провокативна од почетокот на кариерата.

- Сите имаат што да кажат за нејзиниот изглед. Нејзините постапки ви прават непријатност, а уметноста токму тоа треба да го прави - да провоцира. Запрашајте се зошто се грижите толку многу. Запрашајте се зошто тоа ви пречи. Дали мислите дека таа се грижи што мислите вие? Знаете ли што мисли таа за вас? Ништо, заклучила еден обожувателка.

притисни ентер