Нов проблем стави крај на сезоната за Енди Мареј

Поранешниот бр.1 во светскиот тенис, Енди Мареј предвреме ја прекинува сезоната. 

Тој отпадна во четвртфиналето на турнирот во кинескиот град Шенжен од Фернандо Вердаско и ден подоцна објави дека повеќе нема да игра оваа година.

Причината за повлекувањето на Мареј е уште една повреда. Тој има проблем со глуждот поради која неможе да настапи во други натпреварувања во 2018 година. Следното учество во турнир е закажано во Бризбејн во јануари следната година.

Енди Мареј се врати во средината на оваа година по 11-месечно лекување на повреда, но продолжува да се бори и не може да ја врати формата од пред проблемите. Затоа падна дури до 311 место на светската АТП листа.

Намерите на Британецот беа да настапи барем на уште еден турнир до крајот на годината, но сега тоа нема да се случи и тој ќе помине нов периодво лекување и рехабилитација, пред да се врати повторно на теренот следната година.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер