Мицкоски од Прилеп: на 30-ти септември утрото, кога ќе се разбудите само послушајте го срцето и правилно ќе постапите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните , на кои им посочи дека капитулантскиот Договор од Преспа претставува последниот крик за спас на политичката кариера на Зоран Заев.

Мицкоски говорејќи за договорот истакна дека уште во самата преамбулата на капитулантскиот договор започнува измамата. Измамнички вели тој се повикуваат на повелбата на Обединетите Нации за немешање во внатрешните работи на друга држава, додека самиот договор ја крши повелбата, инсистирајќи на промена на македонскиот Устав.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше фактот дека со договорот се менува идентитетот и националноста, а кај ниту една друга држава во Европа во графата за националност не стои терминот граѓанин. На македонскиот јазик пак му дадоа фус нота, преседан и пример каков што нема во светот, вели тој.

Мицкоски нагласи дека ни ја продаваат Европска Македонија, ни ветуваа живот во 2016-тата година, ние од овдека знаевме дека од тој живот нема ни Ж. Донесоа пекол, парчосувајќи ја и распродавајќи ја на секој чекор за овие една и пол година дена поминати во фотелјите во Владата на Република Македонија. Позади завесата се случува огромна пљачка и криминал на нашата татковина. И тоа нема да им го дозволиме и доаѓа денот кога за сето тоа ќе ги поднесат сметките и ќе одговараат, изјави Мицкоски.

Мора да останеме достоинствени, горди и покрај сите предизвици кои што ни престојат. Мора да бидеме принципиелни. Да бидеме чесни и искрени. Мора да бидеме тие кои што ќе ја креваат нашата татковина од пеколот кој што ќе ни го остават овие измамници, додаде Мицкоски.

Мицкоски посочи на 30-ти септември утрото, кога ќе се разбудите само послушајте го срцето и правилно ќе постапите.

СЗО загрижена поради големото ширење на вирусот на птичји грип

СЗО загрижена поради големото ширење на вирусот на птичји грип, кој еволуира и развива способност да зарази луѓе, тврди научник.

Светската здравствена организација денеска изрази загриженост поради големото ширење на птичјиот грип Х5Н1 меѓу новите видови, кој развива способност да зарази и луѓе.

„Мислам дека ова останува огромна загриженост“, изјави главниот научник на здравствената агенција на ОН, Џереми Ферар за новинарите во Женева.

Појавата на птичји грип почна во 2020 година и доведе до смрт на десетици милиони живина, при што се заразени и диви птици, како и копнени и морски цицачи.

Кравите и козите се приклучија на листата минатиот месец -- изненадувачки развој за експертите, бидејќи не се сметаше дека се подложни на овој тип на грип.

„Видот А (Х5Н1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни. Се разбира, големата загриженост е што при... инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе цицачи, тој вирус сега еволуира и развива способност да зарази луѓе, а потоа критично да премине од човек на човек“, рече Ферар.

Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ

Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, останатите полицајци ослободени.

По задржувањето на четворица припадници на косовската полиција, одреден е притвор до 48 часа за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, за утврдување на фактите и потребните проверки во врска со безбедноста на Република Србија, соопшти српското МВР

Останатите лица се пуштени по безбедносни проверки.

Претходно беше соопштено дека „четворица припадници на косовската полиција се задржани во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е приведен“

ЕУФОР ќе патролира ширум БиХ

Стратешките резервни сили на ЕУФОР распоредени во Босна и Херцеговина во текот на месецот и во мај заедно со вооружените сили на БИХ ќе патролираат низ земјата, а не само во Пале и во источно Сараево, објави ЕУФОР.

ЕУФОР соопшти дека распоредувањето на овие сили не е поврзано со ништо друго и дека овие активности се планирани долго време и се насочени кон постигнување на редовни цели за обука.

Оклопните возила на резервните сили на ЕУФОР вчера беа распоредени во центарот на Пале, поради што градоначалникот на општината Бошко Југовиќ испрати писмо до командата на ЕУФОР со барање претходно да биде известена локалната администрација за таквите активности.

притисни ентер