Три дена пред референдумот се чини единствената дилема која останува да биде расчитена в недела е колкава ќе биде излезноста и дали тоа ќе биде доволно за референдумот да се прогласи за успешен..
Веројатно, ниту оваа дилема немаше да ја има, доколку лидерот на опозицијата Мицкоски останеше на својот првичен став, по постигнувањето на Договорото со Грција во јуни, дека за него ќе гласа „против“ на референдумот..
Мицкоски подоцна, откако не успеаа јулските лидерски средби, и владејачкото мнзоинство само го формулираше референдумското прашање, соопшти дека одлучиле да го слушаат гласот на народот, а потоа, врз основа на „навигацијата“ што ќе ја добијат, да завземат став што да се прави на 30-ти.
Во меѓувреме, во опозициската партија јасно се диференцираа две структури – една за бојкот, на чие чело деновиве се најде претседателот Иванов, и друга, во која се најдоа реформаторите, потпретседателот Митко Јанчев и поранешниот министер Тодоров, која се залага да се излезе и да се гласа.. Откако поделбата стана јасна и се продлабочи, на раководството и остана веројатно единствена можна одлука – да повика секој да постапува како што мисли дека е најдобро..
Енигма останува како ќе постапи и самиот Мицкоски в недела..
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е за ЕУ и НАТО, но не по цена на ваков договор со Грција.. Велат дека тие би можеле да псотигнат подобар, иако не е јасно како..
Ваквата позиција на ВМРО-ДПМНЕ, власта ја смета за неодговорна.. Со оглед на неизвесноста колку од опозициските поддржувачи ќе излезат на гласањето во недела, Заев последните денови веќе не говори за цензусот како услов за успешен рефереднум, туку за како што вели, „видливо мнозинство“, кое ќе даде насока за институциите што да прават со договорот понатаму..
Ќе се бројат само тие што ќе излезат..
Колкаво е тоа видливо мнозинство кое би било доволно за да се прогласи успешен референдум, одговор нема..
Како и да е, со оглед дека станува збор за консултативен референдум, со или без цензус, конечниот збор ќе го има Собранието.. Таму, опцијата „ЗА“ има 71 пратеник, а за уставните измени потребни се 80..
Доколку не бидат обезбедени, според анализите, многу извесно, Македонија ја очекуваат нови брзи превремни избори.