Откако пред неколку месеци беше презентиран новиот автомобил на Владимир Путин , и Доналд Трамп има нова ,,машина”. Вчера Трамп стигна во Њујорк , каде на улиците на Менхетн за прв пат беше виден енговиот нов автомобил , Кадилак , базиран на моделот CT6.
Љубителите на автомобили не видоа еден туку два исти моќни автомобили. Според правилата , во едниот се вози претседателот Трамп , а во другиот неговото обезбедување со цел да се збунат можните напаѓачи.
Автомобилот на Трамп ги има сите заштитини системи и се проценува дека тежи од 7 до 9 тони. Тајната служба , од безбедносни причини , го чува автомобилот подалеку од јавноста .
Затоа , се шпекулира дека во автомобилот има вграден систем против пожар , ноќни камери , лансер за солзавец, запечатена вентилација на кабината и посебен систем за одбрана од ракетен напад.
Во најлошо сценарио , автомобилот е опремен дури и со крв од крвна група на претседателот , за веднаш да му се даде прва помош.