Вардар ја забележа седмата победа на седмиот меѓусебен дуел со Кристијанштад

Продолжува максималниот ефект на ракометарите на Вардар на средбите со шведски Кристијанштад, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ црвено-црните триумфираа со 33:25.

Ова беше натпревар од второто коло во Лигата на шампионите по кој македонскиот претставник има максимални четири бода.

Победникот беше решен уште по првото полувреме со оглед на убедливите девет голови предност (19:10) за домаќините.

Двојките за другите натпревари од втората рунда во А групата се: Киелце – Рајн Некар Левен, Барселона – Веспрем и Мешков Брест – Монпелје.

Во следното коло, на 29 септември Вардар гостува во Унгарија кај Веспрем. /МИА

Видео: Бруталниот старт на Томас Милер

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер важи за фер и коректен играч.

 Но, во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите на мечот против Ајакс заслужено доби црвен картон.

Милер неочекувано брутално во занесот на играта стартуваше над дефанзивецот на Ајакс Талиафико.

Милер веднаш по „маја-гери“ стартот заслужено доби црвен картон.

Јувентус подготвува зимска трансфер „бомба“

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е подготвен да  понуди 80 милиони евра на Манчестер Јунајтед за во јануари во своите редови да го врати францускиот интернационалец Пол Погба.

Иднината на Погба е неизвесна на Олд Трафорд поради неговите константни несогласувања со менаџерот Жозе Мурињо, поради ова одличниот фудбалер од средниот ред сигурно би бил презадоволен ако повторно се врати во Торино.

Раководството на италијанскиот гигант уште на стартот на  новата година  ќе се обиде да го реализира трансферот на Погба, кој токму од Јуве се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед  во 2016 година за тогаш рекордни 105 милиони евра.

Интересен е фактот дека Погба пред Јувентус  исто така го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, што значи дека ова би бил само уште еден негов трансфер Манчестер – Торино.

Пол Погба е на мета и на каталонскиот гигант Барселона, поради што Јувентус има план „Б“ , а тоа е фудбалерот на Реал Мадрид Иско.  

Фудбалер со откачени видеа бара подобри оценки од ФИФА19 (ВИДЕО)

39- годишниот фудбалер Кевин Елисон од англискиот четвртолигаш Моркомб бара подобри оценки од ФИФА 19.

Додека некои фудбалери тоа го прават преку социјалните мрежи , Елисон и неговиот клуб решиле преку видео да докажат дека се побрзџи отколку во оваа популарна видео игра.

Нивниот обид дда си ги подобрат оценките не е ништо ново. И многу познати фудбалски ѕвезди се жалат дека во играта на EA Sports се прикажани како слаби играчи.

Видеото на Елисон , во секој случај стана мега популарно и за помалку од еден месец е прегледано повеќе милиони пати.

притисни ентер