Скокање од зграда со параглајдер (вознемирувачко видео)

Човек скокна од зграда со параглајдер но ветрот предизвика проблеми.

Шокантно видео од скокот со параглајдер од една зграда во Норвешка. Џон Мајкл скокна од 19 кат, но не успеа да го отвори целосно параглајдерот и удри во земјата со голема брзина.

Поради силниот удар, Џон ги скршил двете нозе и бил пренесен во болница каде што заздравува.

Што и се случило на актерката Кејти Холмс ? (ФОТО)

Познатата холивудска актерка е снимена во Њујорк , каде шета по улиците со размачкана шминка и во нечист стар капут.

Иако Кејти Холмс е позната по тоа дека во слободното време се облекува и изгледа запуштено , сепак ги изненади своите фанови со фотографиите направени оваа недела во Њујорк.

Таа изгледа целосно исцрпено , додека во вторникот наутро излегува од такси. Носи чаша со кафе , нема фризура , со размачкана шминка и со подочници.

Кејти е облечена во тренерка и со стар капут , кој има дамки на грбот. Актерката се врати во Њујорк , откако последните неколку месеци ги помина во Њу Орлеанс , каде изнајми куќа со момчето Џејми Фокс , а таму заедно снимале филм.

Се шпекулира дека по петгодишната врска, планираат зимска венчавка во Париз.

Манекенки се разиграа на плажа во Мајами (ФОТО)

Канадската манекенка Даниела Кнудсон (29) е снимена во друштво на својата пријателка Јелена Цикоја на плажа во Мајами.

Девојките се забавуваа на плажата во друштво на кученцето на Јелена, Цали.

Даниела е позната манекенка со кампањи за познати модни брендови како H&M-a и Guess, а снимаше и едиторијали за магазините Sports Illustrated, Elle и Glamour.

Таа е девојка на познатиот тенисер Милош Раониќ . Јелена Цикоја е позната блогерка , родена во Штутгарт , а со партнерот Џое Вир , живее во Њујорк.

Новата Супра сепак не може да се сокрие (ВИДЕО)

Најбараниот јапонски новитет никако да се појави без маска, но папараците успеаја да го снимат.

Откако престана производството на нејзиниот претходник, Тојота Супра МКВ стана најбараниот производ на јапонскиот производител .

Автомобилот е фотографиран за време на неговито тѕранспорт во камион и тоа без никаква камуфлажа , како што Тојота правеше минатите неколку месеци при кусите промоции.

Според надворешноста , се чини дека Тојота на новата Супра ја применува линијата на моделот ФТ1 , а доказ за тоа се отворите покрај рабовите за светла. Од Тојота велат дека новата Супра ќе биде премиерно прикажана кон средината на следниот месец на саемот во Детроит.

притисни ентер