За „27 април" во Кривичен суд сведочи Сашо Тасевски

 Во Кривичниот суд во Скопје со сведочење на Сашо Тасевски вечерва продолжи судењето за случувањата  во Собранието од 27 април.

 Тасевски е актуелен директор на Бирото за јавна безбедност, а во времето на случувањето во Собранието беше обезбедување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Претходно во Судот сведочеа Драган Крстевски од МВР, Владимир Стојков вработен во Собрание на РМ  и Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи.

Нухиу кој неклку часови сведочеше за текот на настаните во МВР за време на насилствата во Собранието на 27 април. Кажа дека тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, не одговарал на неговите повици. Со Чавков, кој раководеше со оперативниот штаб, остварил контакт во 20 часот откако претходно повеќепати залудно се обидувал да го добие на телефон. Нухиу рече дека кога го прашал што се случува, Чавков, сега обвинет во случајот, му рекол дека „се случува народ“.

Во 18 часот, рече, му пратил СМС дали следи што се случува пред Собранието и дали има можност ситуацијата да ескалира, на што тој му одговорил дека „нема таква можност и оти засега се е под контрола“. Потоа Чавков му испратил уште една порака во која го информирал Нухиу дека надвор нема проблем.

Тој рече дека кога видел дека ситуацијата ескалира, тргнал кон Собранието и го барал Чавков на телефон, но немало одговор. Потоа му пишал дека пред Собранието нема доволно полицајци. Според Нухиу, кога Чавков пристигнал во оперативниот штаб се однесувал агресивно и не му одговорил на Нухиу каде бил до тој момент.

Обвинетиот Игор Југ на судењето вербално го нападна Нухиу и на судијката Кацарска и порача дека ако сака може да го осуди и на сто години затвор. Тој праша каде е српскиот разузнавач Живаљевиќ и забележа дека им се суди на 33 Македонци, додека странски разузнавач се шетал по Собранието. Обвинетиот Јане Ченто пак, кажа дека токму Нухиу е првиот што треба да сноси одговорност.

Вработениот во Собранието, Владимир Стојков, раскажа дека дента за главниот влез бил задолжен обвинетиот Абдулфета Алими и опишас како пратеници ги отвориле вратите. Неговото работно место било тогаш покрај вратата од пленарната сала.

Кога дошло до тензии помеѓу пратеници, сведокот Владимир Стојков и Алими добиле насоки од началникот да го пренесат формациското оружје горе во кабинет зашто не е безбедно да остане долу бидејќи може да дојде некој да го земе и да го употреби. Кога го носеле оружјето кон кабинетот слушнале викање и кога се вратил назад кај главниот влез ги забележал пратениците.

Тој притоа посочи дека ги видел пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат гредите од средната врата, една од трите врати на главниот влез.  Пробал да ја врати едната греда, а другата греда Мукоски ја фатил од едниот крај и не му дозволил да ја врати додека пратеникот Василевски се упатил кон другата врата и ја тргнал едната греда, по што сведокот и Абдулфета се повлекле нагоре кон кабинетот. 

Претпладнето сведочеша и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш и една новинарка присутна во Собранието за време на случувањата./МИА.

Намалени од 50-70 % од компензациите за жртвите во терористичкиот напад во САД од 11.09.2001

Недостасуваат пари во фондот за компензација на жртвите во терористичкиот напад од 11-ти септември во 2001 година во САД.

Поради тоа исплатите се намалени од 50-70 посто соопштиле од фондот додавајќи дека се свесни колку ситуацијата не е фер но и дека се преферира сите да добијат некоја одредена износ , отколку некои жртви да останат без компензација.

Дел од Куманово вечерва без вода поради вградување мерна опрема

Дел од граѓаните на Куманово вечерва ќе се соочат со недостиг на вода, а жителите од ниската зона со намален притисок на вода, информира јавното претпријатие „Водовод" .

Вечерва од 23 часот времено ќе биде затворена водата за ниската и средната водоводна зона поради вградување мерна опрема и замена на старите затворачи со нови во кругот на фабриката за преработка на вода за пиење (Филтер станица).

Во повисоките делови на ниската и средната водоводна зона ќе има недостиг на вода, додека во пониските делови ќе биде намален притисокот. Во високата зона водоснабувањето ќе биде редовно.

Од „Водовод" информираат дека активностите ќе бидат завршени во краток рок, со што водоснабдувањето ќе се нормализира уште во раните утрински часови.

Вградувањето на мерната опрема и замената на затворачите се реализира во рамки на проектот „За употреба и одржување на водоснабдителниот систем на Куманово", кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски. Изведувач на проектот е фирмата „ЦМЦ" од Скопје./МИА

Меркел: Светскиот поредок се распаѓа, мора да ја спасиме Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека мулилатералниот светски поредок се распаѓа, но и дека тоа не значи дека треба да се уништи.

Како што пренесува „Хина“ Меркел ја критикувала националистичката политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Мора да се бориме за Европа, мора да се бориме за мулилатерализмот , против оние кои мислат дека се можат само“, изјавила Меркел на минхенската безбедносна конференција.

Официјален Берлин е загрижен за мултилатералната соработка по повлекувањето на САД под раководство на претседателот Трамп од неколку меѓународни договори, вклучувајќи го и Парискиот климатски договор и иранскиот нуклеарен договор, двата потпишани во 2015 година.

Ретко кога во историјата САД и Германија имале толку многу несогласувања, во моментов се спорат околу Иран, одбранбената пресметка, гасоводот Северен тек кој би требало да донесе руски гас во Германија.

притисни ентер