Пијанистката Мимоза Ќека одржа целовечерен солистички концерт во Рим

Македонската пијанистката Мимоза Ќека одржа целовечерен солистички концерт во рамките на Музичкиот фестивал Темпието ,,Concerti del Tempietto’’ во Театро Марчело во Рим, Италија, што се одржува традиционално секоја година.

На интернационалниот фестивал учествуваа повеќе од 150 музичари од Италија, Франција, Шпанија, Данска, Холандија, Естонија, Литванија, Латвија, Украина, Словачка, Македонија и Турција.

Ќека, на концертот што го одржа на 18 септември, изведе дела од Т. Зографски, К. Дебиси, М. Равел, Ф. Лист.

Концертот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Мимоза Ќека (1994) започнува да учи пијано на петгодишна возраст, а основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје. Во 2015 година дипломира на Факултетот за музичка уметност- Скопје, на одделот по пијано, во класата на проф. м-р Тодор Светиев и станува член на Сојузот на Музички Уметници на Македонија. Во 2017 година магистрира на Одделот по музичка интерпретација – пијано под менторство на маестра Лилија Зилберштајн.

Активно настапува одржувајќи целовечерни соло - рецитали, и тоа во Музејот на град Скопје, во соработка со КИЦ- Скопје (2013,2015,2017), во рамки на фестивалите ,,Кавадаречка културна есен 2016’’ ,,Златна лира (2012, 2017)’’ ,,Есенски музички свечености (2012,2014) ’’,,Денови на македонска музика 2013’’, концерти на вокално- инструменталниот оддел при ФМУ- Скопје ,,Musica Viva’’, концерти во чест на Франц Лист, Гоце Коларовски, Интернационален фестивал и натпревар на млади пијанисти <<Festival international de piano „Jeunes Talents“>>2015 во Монтрон-ле-Бен, Франција; Сиена летен Фестивал на класична музика (2015,2016,2017), Фестивал на Франкофонијата ,,Солеј’’ 2017 во Созопол, Бугарија, каде ја претставуваше Македонија со целовечерен соло рецитал.

Особено се издвојува нејзиниот настап со Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, под диригентство на маестро Саша Николовски – Ѓумар со изведба на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од К. Сен-Санс.

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

притисни ентер