Уапсен крадец кој ќе одговара за 127 кривични дела

37 годишен кавадарчанец со нож се обидел да ја убие својата пријателка откако дознал дека е бремена. 

Тој на шести јуни претпладнето и се јавил на пријателката која била во село Сопот, со такси возило ја земал и ја однел во село Бегниште. Кога заминале во селото, таа му кажала дека е бремена, по што кавадарчанецот извадил нож и ја прободел во стомакот.

Од полицијата информираат дека вчера тој бил приведен и се сомничи за убиство во обид. освен за ова кривично дело, тој е осомничен и за други 127 кривични дела, кражби и тешки кражби во обид во станови во повеќе градови во државата.

“Притоа, бил извршен личен претрес и кај лицето биле пронајдени и одземени мобилен телефон, клучеви и фолии за отворање на блиндор врати, француски клуч за кршење на цилиндер брави, пари и други предмети. И.С. ги извршил делата во периодот од мај до септември во повеќе градови од државата. На ист начин, со кршење на цилиндри на брави од влезните врати, влегувал во станови и најчесто одземал пари и златен накит, но и други предмети”, изјави Тони Ангеловски – портпарол на МВР.

Украденото злато го продавал во златарници во Прилеп и Охрид,а бил извршен претрес во куќата во која привремено престојувал каде биле пронајдени голем број докази за сторените кривични дела, информираат од МВР.

Осомничениот во текот на денот бил изведен пред судија на претходна постапка во судот во Велес.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер