Туристичката населба Беровско езеро добива чиста вода за пиење

Во Берово при крај се градежните активности во врска со проектот за обезбедување чиста вода за пиење во туристичката населба Беровско езеро.

Проектот кој е кофинансиран преку Интерег-ИПА, Бугарија-Македонија предвидуваше изградба на водоснабдителен систем за вода при што за реализацијата на оваа активност општина Берово имаше на располагање 291.596 евра.

Како што истакна проектниот менаџер Новица Печински, овие средства беа наменети за изградба на потребната инфраструктура потребна за реализација на ваков крупен зафат.

- Во рамки на проектот веќе се изградија пумпна станица, потисен цевковод, фабрика за преработка на вода за пиење и резервоар. Според развојните планови во склад на реалноста и можностите за реализација на објекти во населбата, овој водоснабдителен систем може да одговори на потребите на 1.000 жители, рече Печински.

Според него со пуштањето во употреба на овој објект најголема придобивка ќе имаат туристичките работници.

- Во крајна сметка крајни корисници ќе бидат самите туристи кои ја посетуваат туристичката населба со што искрено се надевам дека со подобрените услови нивниот број ќе се зголеми. Изградбата на системот за водоснадбување во туристичката населба Беровско езеро ќе помогне и за зачувување на езерото и одржливо искористување на водните ресурси. Со овој зафат конечно се решава долгогодишниот проблем со чиста вода за пиење кој е проблем пред се од хуман, економски, но и од туристички и развоен карактер, додава Печински.

Вкупната вредност на проектот „Градење инфраструктура за одржлив развој на туризмот“ е 498.052 евра, средства од 206.456 евра ќе бидат искористени за реконструкција на градскиот парк во општина Сандански, Република Бугарија која е партнерска општина на овој проект.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

притисни ентер