Павле Богоевски и Иван Стоиљковиќ во „Само вистина“

Богоевски во,, Само Вистина“: Јас ќе излезам и ќе гласам и ги повикувам и другите да гласаат Стоиљковиќ во ,, Само Вистина“: За мене референдумот на постои

Пратениците Павле Богоевски и Иван Стоиљковиќ во вечерашното гостување во тв дуелот ,, Само Вистина“ ги ,,вкрстија“ аргументите ,,За“ односно против референдумот и Договорот со Грција. За пратеникот Стоиљковиќ и претседател на ДПСМ која партија е во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, референдумот не постои и ќе се однесувал како да не постои. Богоевски рече дека тој ќе излезе ќе гласа и дека прави се Референдумот да успее и на него да излезат и да гласаат се повеќе луѓе. Стоиљковиќ ги повика своите членови и симпатизери да биле внимателни поради притисоци од една и од друга страна и да внимавале на своите работни места. Тој смета дека Договорот со Грција е дел од трите работи кои имале за цел да создадат хибридна нација а тоа биле, Тиранската платформа, Договорот со Грција и Договорот со Бугарија.

Богоевски му опонираше на Стоиљковиќ да не лаже и криво да не ја информира јавноста по што во емисијата се читаа и делови од Договорот со Грција. Богоевски истакна дека неговиот впечаток од средбите со граѓаните е дека референдумот ќе биде успешен и дека него ќе го поддржат поголем број граѓани. Уште еднаш повтори дека ова е најдобриот можен договор со Грција кој можел да се добие кој е дополнително добар поради перспективата за НАТО и ЕУ –интеграции за што имам е поддршка и од целиот демократски и цивилизиран свет.

Дебатата која на моменти беше жестока, погледајте ја во видеото.

Целата вечерашна емисија „Само вистина“ погледнете ја овде.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер