Мицкоски на колена како чест кон следбениците

Опозициската ВМРО- ДПМНЕ на протестен марш во Штип од каде лидерот на партијата Мицкоски прогнозира дека Македонија е во опасност од незнаење.

Тој повтори дека ставот на ВМРО -ДПМНЕ за референдумот е да му биде оставено на секој еден поединец да прави според свое слободно убедување. Рече дека Заев избегнувал телевизиско соочување со него зашто бил свесен за штетниот договор.

Мицкоски на протестот во Штип на кој партиски извори велат присуствувале десетина илјади граѓани,  направи несекојдневен потег клекнувајќи на колена како чест кон следбениците, иако опонентите велат тоа било во знак на извинување од немање став за референдумот.

„Ако лидерот не клекне пред луѓето кои ја следат каузата за Репубика Македонија и за независна Македонија тогаш неја заслужува нивната доверба,“ со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го започна својот говор на протестниот марш во Штип. Ги повика граѓаните да бидат многу внимателни на претстојниот референдум и да не веруваат во лагите кои им ги сервира владејачката партија.

Според Мицкоски владејачката партија турка агенда против националнитеинтереси на државата. За него договорот со Грција е капитулантски. Кога СДСМ се на власт Македонија ја има се помалку, кажа Мицкоски. Тој го повика премиерот на дебата.

Протестниот марш започна пред црквата Св. Никола. Штипјани со поддршка за опозицијата.

Според Мицкоски, Заев ја втурнува Македонија в бездна. Вели дека земјава е во опасност од криминал и незнаење.

Македонските преговори и вечерва на маса пред европските лидери

Со лоши сигнали од Брисел и без никакво поместување на тврдиот став на Макрон, мина првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија, кои утре и формално се очекува да се изјаснат за македонските преговори со Унијата.

Проширувањето не се спомена ниту на вечерашната пресконференција на првите луѓе на Унијата, Јункер и Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Дали има простор за позитивна вест, Александар Видиновски од Брисел.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

Запалени стотици куќи во меѓунационалните судири во Индонезија (ВИДЕО)

Во повеќенеделните насилни судири меѓу двете индонезискиз аедници се запалени повеќе куќи , соопшти денеска локалната полиција.

Припадниците на двете спротиставени заедници до сега  запалија најмалку 158 куќи, едно училиште и други јавни згради во регионот Северен Пенајам во провинцијата Источен Калимантан, пренесува Ројтерс.

Конфликтот се случил само една недела откако истите заедници се судриле на блиската плажа, при што еден човек бил прободен со нож, а друг е тешко повреден. По нападот, полицијата го уапси убиецот и тројца други за поседување оружје.

„Една недела подоцна, стотина луѓе дојдоа да ги бараат одговорните за смртта на човекот и потоа ги запалија куќите“, рече полицискиот портпарол Аде Јаја Суријана.

„Објаснивме дека ги уапсивме осомничените, но на крајот се случија пожари“, додаде тој.

Точната причина за почетокот на конфликтот сè уште не е позната.

Во Калимантан, или индонезискиот дел на островот Борнео, две етнички групи се судрија во раните 2000-ти, со повеќе жртви.

притисни ентер