Мицкоски: Со престојниот референдум Заев сака да ја понижи Македонија и да го поништи референдумот на 8 септември 91та година

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

На средбата Мицкоски говореше за актуелната политичка и економска состојба како и за штетноста на договорот со Грција, соопштуваат од партијата.

Тој истакна дека Делчево е град кој силно ги чувствува последиците од хаосот кој го создава актуелната влада, на економски и политички план.

-Последни сме по реформи последни сме и по економија. Земјоделците, вчера бев во Берово, денес бев во Пехчево, претходно сме биле во струмичко, битолско, прилепско, кичевско, штипско секаде иста песна, нема човек кој што е задоволен, нема човек кој што кажува дека добро направија подобро се живее, тоа што го ветија ништо исполнија, нема загарантиран откуп, нема загарантирана цена, нема зелена нафта. Секаде истата приказна, чемер и јад, вели тој.

Мицкоски пред граѓаните на Делчево се осврна и на капитулантскиот договор со Грција.

-Ќе речат го заштитивме јазикот и нацијата. Не е точно. Ниту јазикот го заштитија, ниту нацијата. Еве пред некој ден го слушнавме и Ципрас и Коѕијас и Каменос кој што велат овие се славјани зборат славјански јазки и ние тоа не го признаваме. Од наша страна не забележавме од овие ,,јунациве’’, овие ,,револуционериве’’ не забележавме ниту еден демант дека тоа не е така. Напротив молк, а знаеме добро што значи молчењето. Молчењето значи одобрување, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека капитулантскиот договор е документ поради кој Македонија е понижена, документ со кој го губиме името, се менува уставот, се губи идентитет, а евроинтеграции на Македонија можат да бидат блокирани во секој момент . Заев по секоја цена сака да ја задржи својата фотељата, а животот кој што го ветуваа никогаш не дојде, вели Мицкоски.

Мицкоски од Делчево одговори и на изјавата на Заев дека референдумот на 30ти септември бил ист како оној од 1991 година, истакнувајќи дека тоа се две сосема спротивни работи.

-Го слушам денес како Зоран Заев вели референдумот на 30-ти септември бил со еднаква важност како оној на 8 септември 1991 та година, уште една голема лага, уште една манипулација. Има огромна разлика, ако во 1991 година тој победонесен референдум ја донесе независноста, со име на држава Македонија, со устав каде тоа го пишува и со идентитет македонски, денес овој 30-ти септември имаме референдум за промена на име, промена на устав и идентитет. На овој референдум имаме на маса документ со кој се поништува тој референдум одржан на 8 септември таа 1991 година. На маса е документ со кој Заев сака понижена Македонија, документ со кој губиме се што нас е важно, истакна Мицкоски.

Тој одговори на обвинувањата дека наводно не бил независен во своето дејствување, посочувајќи дека единствено тој е на страната на граѓаните.

- Не смееме да потклекнеме ниту на лагите и манипулациите кои ги прави власта на дневно ниво, па ќе речат дека сум бил заврбуван, дека сум бил со овој или со оној човек, на една или друга страна, не бе луѓе, јас сум на страната на Македонците и сите граѓани на мојата земја. Државата се наоѓа пред крстосница, и ова се историски времиња, истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен ги утврдува пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ одржува седници на Извршниот и Централниот Комитет на кои треба да ги утврди целосните пратенички листи, откако претходно ги обелодени носителите во сите шест изборни единици.

Од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја вклучуваме Михаела Димовска..

Михаела познати ли се веќе кандидатите за идни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ?

Ахмети и Османовска го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите

Претседателката на Унија на Ромите, Фатима Османовска и лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска во општина Шуто Оризари го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите кон Европскиот фронт.

Османовска порача дека Ромите ќе влезат во Европската Унија како рамноправни со сите граѓани, бидејќи како што рече, ромската заедница има високо образовен и стручен кадар, како и ромска политичка партија, за која рече, обединува и организира.

- Како заедница со децении наназад молиме за да се створи шанса за нас, ни велеа немате образовен кадар, немате политичка моќ, не сте организирани. Еве сме сега со високо образовен и стручен кадар со ромска политичка партија која што обединува и организира. Застанати пред европската врата, Ромите ќе влезат во ЕУ како рамноправни со сите граѓани, порача Османовска.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање истакна дека големо достигнување е тоа што Општина Шуто Оризари е единствената општина на ромска заедница во Европа и ѝ укажа на Османовска дека ја има поддршката од Албанците, бидејќи како што рече, тие знаат како е да се биде маргинализиран.

– Претседателке вие нема потреба да поставувате барања, нашата поддршка несомнено ја имате, ние знаеме како е да се биде маргинализиран и затоа ќе се залагам повеќе за вас отколку за мене. Со целосна одговорност ви ветувам, пробајте нѐ да видите какви партнери сме, не со зборови, туку со дела. Нашата земја мора да се интегрира во ЕУ и да има владеење на правото, а тоа заедно како Европски фронт мора тоа да го постигнеме. ДУИ ќе направи сѐ што е потребно за во Собранието да има ромска претставничка, порача Ахмети.

На прес-конференцијата посветена на потпишувањето на коалицискиот договор беше присутен и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој изрази жалење што претходните политичари не ја препознале приликата да ја искористат можноста на Рамковниот договор, онака како што го искористиле Албанците.

– Жалам што претходните политичари не ја препознаа оваа прилика да се искористи Рамковниот договор рака како што го искористија Албанците да бидат рамноправни со Македонците. Со овој договор Ромите ќе почнат да живеат сонот кој требаше да започне уште пред 24 години, рече Дудуш.

Полска тврди дека НАТО прави планови за соборување на руски проектили

НАТО ги разгледува плановите за соборување руски ракети доколку се приближат до границите на алијансата, тврди Полска, откако проектил залутал во нејзиниот воздушен простор.

Анджеј Шејна, заменик-министер за надворешни работи на Полска, изјави за локална радио станица дека „различни концепти се анализираат во рамките на НАТО... вклучително и соборување на такви проектили кога тие се многу блиску до границата на Алијансата“,пишува Телеграф.

„Но, тоа би морало да се случи со согласност на украинската страна и земајќи ги предвид меѓународните последици“, додаде тој.

Во неделата вечерта, Варшава соопшти дека руската крстосувачка ракета истрелана на цел во западна Украина поминала околу 1,6 километри во полскиот воздушен простор, поминувајќи 39 секунди.

Полското Министерство за одбрана ги активираше системите за противвоздушна одбрана и борбените авиони на НАТО, Ф-16 откако објектот залута преку границата на Алијансата во близина на Осердово, село во земјоделски регион во близина на границата со Украина.

Крстосувачките проектили можат да ја променат својата траекторија во воздух за да избегнат одбранбени системи.

Владислав Косинијак-Камис, полскиот министер за одбрана, подоцна им изјави на новинарите дека проектилот би бил соборен доколку имало знаци дека се движи кон цел во Полска.

Една од опциите за одбрана е да се соборат ракетите пред да преминат од Украина во воздушниот простор на НАТО. Сепак, ова може да го искористи Москва како оправдување за ескалација во поширок конфликт надвор од границите на Украина.

Претходните лансирања на руски ракети и беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО останаа без одговор, и покрај сугестиите дека членот 5 на алијансата за взаемна одбрана може да биде активиран како одговор на таков инцидент.

Во вторникот САД објавија дека се подготвени да ги исполнат обврските кон НАТО и да ја бранат Алијансата во случај на напад.

Запрашана за изјавите на Полска, Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон, рече: „Она што го зборуваше администрацијата е дека ќе ја браниме секоја педа од НАТО“.

притисни ентер