Најмалку пет жртви во страшниот ураган во САД (ФОТО+ВИДЕО)

Ураганот ,,Флоренс “ однесе најмалку шет жртви , а метеоролозите најавуваат дека вистинската опасност допрва доаѓа.

Најмалку пет жртви меѓу кои мајка со нејзиното новороденче е досегашниот биланс на пустошењето на ураганот ,,Флоренс” на источниот брег на САД. Ураганот ја опустоши Северна Каролина , а сега беснее низ државата Јужна Каролина. Американскиот претседател ќе ги посети погодените подрачја на почетокот или кон средината на наредната недела , соопшти Белата Куќа.

Меѓу настраданите има и мајка со новороденче , кои загинале кога дрво паднало врз нивната куќа . Таткото со повреди е пренесен во болница. Една од жртвите загинал додека го палел генераторот за струја.

Стотици луѓе и натаму се заробени во своите домови или на покривите на куќите пред силните налети на дожд и ветер. Над 820 000 домаќинства во Северна Каролина се без струја , а во Јужна Каролина немаат струја над 130 000 домаќинства.

Вистинската опасност допрва доаѓа , предупредуваат метеоролозите , бидејќи ураганот се движи полека и подолго време ќе се задржи на погодените подрачја со силен ветер и дожд.

Нивото на Атлантскиот океан е покачено за три метри и уште ќе расте, што дополнително предизвика поплави на крајбрежните населени места.

Сообраќајот во Панамскиот канал почна постепено да се нормализира

Администрацијата на Панамскиот канал соопшти дека од средината на мај значително ќе го зголеми бројот на резервации за транзит на бродови поради прогнозите за попуштање на сушата, која значително го намали транзитот во изминатите две години.

Од 7 до 15 мај низ каналот дневно ќе минуваат по 24 бродови, а од 16 мај 31 брод, соопшти управата. Во јуни ќе отворат можност за дополнителни резервации и за Неопанамакс и ќе додадат уште еден брод за транзит низ главниот канал.

Управата одлуката ја образложува со смирувањето на сушата, што беше видливо и во проценките за нивото на водата во вештачкото езеро, акумулацијата за полнење на каналот.

Во 2023 година тие во неколку наврати го намалија транзитот, а во јануари годинава беше за 42 отсто помалку отколку во најфреквентниот месец минатата година, покажуваат податоците на УНКТАД.

Транзитот на бродови се намалува веќе две години поради сушата, истакнаа од УНКТАД, потсетувајќи дека долгорочните нарушувања во транзитот, особено во контејнерскиот транспорт, може директно да ги загрозат синџирите на снабдување. Ова, пак, може да доведе до доцнење на пратката и повисоки трошоци и инфлација, нагласуваат тие.

Знаците за опоравување на сообраќајот низ Панамскиот канал се појавија во март кога властите првпат почнаа да примаат повеќе резервации. /МИА

Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации

Општина Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации. 

Во салата на општинската зграда, градоначалникот Митко Јанчев, заедно со претставници на граѓанските организации, денеска ги потпиша договорите за реализирање на проектните активности.

- Се работи за повеќе приоритетни области за 2024 година, согласно распишаниот јавен повик за прибирање на предлог проекти, наменети за организации, регистрирани на територијата на општината Кавадарци, појаснија од Општината.

Оттаму додадоа дека финансиски средства од локалниот буџет се одобрени на вкупно 22 организации, со одобрен буџет за финансирање од 2.210.000,00 денари. /МИА

О.Балкан и гласањето за Косово во СЕ „јаболко на раздорот“ меѓу Македонија и Србија?

Џафери од Приштина најави дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во Советот на Европа.

Џафери од Приштина најави дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во Советот на Европа, во интервју за Приштинскиот економија онлајн Џафери вели дека делегацијата на Собранието на Република Македонија ги има сите инструкции да ја поддржи иницијативата, бидејќи смета дека Косово и земјите од регионот „треба да бидат членки на сите меѓународни организации“.

„Како земја која го поддржува Косово, ги дадовме сите инструкции што треба да ги дадат нашите претставници во надлежните органи. Конкретно, во Стразбур, делегацијата на Собранието на Република Македонија ги има сите инструкции да ја поддржи иницијативата и гласот за членство на Косово“.

Вели Џафери во интервјуто.Непосредно по нивната заедничка средба и косовската претседателка Османи соопшти дека Џафери дал целосна поддршка за членството на Косово во Советот на Европа.

Речиси во истовреме во Скопје на прес конференција министерот Бујар Османи пак најави дека ќе и предложи на владата Македонија да ја напушти иницијативата Отворен Балкан, поради сомневањата дека Србија е инволвирана во инцидентот во Бањска.

За поранешниот амбасадор Јован Донев во овие чекори гледа тенденција на влошување на односите со Србија, што е најмалку потребно за регионот во актуелниот светски политички моментум.

На Парламентарното собрание во Стразбир денеска пратениците ќе се изјаснат околу документот подготвне од грчката пратеника Дора Бакојани, на што му претходеа и писмата што до европските лидери ги испрати српскиот претседател Вучиќ во кои ги повика уште еднаш да размислат за прифаќање на Косово во СЕ .

Инаку, во однос на Отворен Балкан албанскиот премиер Рама уште во декември кажа дека регионот сега треба да се фокусира на Берлинскиот процес.

притисни ентер