Средба на Џафери со делегација на Светската организација на Ромите

Претседателот на Собранието Талат Џафери оствари средба со делегација на Светската организација на Ромите, предводена од претседателот и амбасадорот за мир, Јован Дамјановиќ, заменикот Дејвид Романо и членот на Комисијата,Ивица Петровиќ.

Џафери, посакувајќи им добредојде на гостите во Република Македонија и во Собранието истакна дека  Република Македонија е држава која придава особено внимание на статусот на Ромите. Тој истакна дека има аспекти кои што треба да бидат препознаени како успешен пример, но и дека како претставници на народот имаат уште доста работа за да се задоволат сите аспекти на живеењето на ромската заедница во општеството, особено нагласувајќи ги сферите на образование, инфраструктура, здравство.

Дамјановиќ истакна дека му претставува задоволство што е во Република Македонија, држава чии граѓани уште одамна ги прифатиле Ромите како еднакви сограѓани, држава која е единствена во регионот со ромска општина, држава која е редок пример и за многу поразвиени држави во Европа, заради фактот што одамна има пратеник од Ромската заедница во своето Собрание.

Дополнително, тој се осврна на намерата за формирање на Европска Ромска партија, за чиј претседател е номиниран Амди Бајрам, како човек кој е долги години гласноговорник, чинител и инспирација за младите Роми во светот каде треба и да се стремат. Дамјановиќ нагласи дека основањето на партијата и именувањето на нејзиниот претседател, ќе бидат официјализирани на конгрес на кој ќе учествуваат претставници на Ромите од над 25 земји.

Претседателот Џафери им посака успех во работата на гостите, истакна дека г. Бајрам ја има поддршката од него и од Собранието и изрази задоволство што токму пратеник од Собранието на Република Македонија е номиниран за претседател.

Уапсен маж - се обидел да украде патнички авион

Пилот на обука е уапсен запшто се обидел да украде патнички авион во американската држава Флорида.

Полицијата го упасила мажот на обука , кој се обидел да украде патнички авион на меѓународниот аеродром Талахаси во Флорида.

Според портпаролката на аеродромот ,,Орландо- Мелбурн” , Лори Букер, антитерористички специјалци го истражуваат овој случај и се обидуваат да го откријат мотивот за крадење на патничкиот авион.

Исклучени од сообраќај 57 возачи во Скопје

Вкупно 57 возачи се исклучени од сообраќај затоа што се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, други тројца поради управување возило под дејство на алкохол, а други 12 без сообраќајна дозвола.

СВР Скопје денеска соопшти дека по преземените мерки и активности вчера на подрачјето на град Скопје од сообраќај се исклучени и осум нерегистрирани возила. Пајакот подигнал 59 возила.

Во текот на вчерашниот ден се случиле и вкупно девет сообраќајки, при што е причинета материјална штета во три, а со лесни телесни повреди се здобиле осум лица. 

СВР СКопје информира дека се преземени мерки и за 21 пешак, кои кои поминале коловоз вон пешачки премин 21 и за шест други кои поминале коловоз на црвено светло

Македонскиот „Кросроуд блуз-бенд" ќе го отвори 22. Блуз и соул фестивал

Со настап на македонскиот блуз-бенд „Кросроуд блуз-бенд“ (Crossroad Blues Band), кој на сцената опстојува повеќе од две децении, вечер ќе почне тридневниот 22. „Блуз и соул фестивал“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје. 

На фестивалот, кој ќе се одржува до недела во пивница „Стар Град“ (Темов) во чаршија, ќе гостуваат музичари од Србија, Белгија и Данска, по избор на селекторот Иво Солдатовиќ. 

По концертот на македонскиот бенд, вечер ќе настапи четиричлениот белгиски состав „Shakedown Tim & The Rhythm Revue“ основан од Тим Шејкдаун, кој свири динамична комбинација на блуз, џамп-блуз и буги, до свинг и ритам и блуз. 

На вториот ден од фестивалот утревечер ќе настапи квинтетот „Гамблерс“ (The Gamblers) од Сремска Митровица, Србија, блуз-состав кој од 1984 година ја освојува регионалната блуз-сцена и настапуваат на престижни фестивали низ Европа. 

Саботната блуз-вечер ќе заврши со настап на „Chris Grey & The BlueSpand“ од Данска, трио  на Крис Греј кој е блуз-ѕвезда во Европа и светот. Нивниот груви-фанки блуз во последните две години ги освојува блуз-фановите низ Европа, а нив ги прави меѓу најпопуларните блуз-бендови. 

На годинашниот фестивал ќе гостува уште еден српски блуз-бенд - петчлениот „Блузхамер“ (The Blueshammer) од Нови Сад кои прават атрактивни концерти со тексашки блуз и јужњачки рок и фанк. Тие ќе настапат в недела, а по нив фестивалот со диџејски сет ќе го затвори Васја Ивановски, долгогодишен радиоводител и поранешен селектор на Блуз и соул фестивалот.  

Концертите на тридневниот „Блуз и соул“ ќе почнуваат од 21 часот. Влезниците за секоја вечер се по 200 денари или 500 денари за блок-билети сите три вечери. 

притисни ентер