Шефот на германската дипломатија Хајко Маас следната недела во Скопје

Шефот на германската дипломатија Хајко Маас во вторник доаѓа во посета на Македонија.

Маас ќе има средба со неговиот домаќин Никола Димитров. Предвидено е одржување панел дискусија на која ќе учествувува и Маас, а на која ќе се говори за eвропскиот пат на Македонија.

Маас ќе биде третиот висок германски функционер кој доаѓа во земјава во изминатите десетина дена во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември.

Канцеларката Агнела Меркел беше во посета на Скопје на 8 септември на Денот на независноста, а денеска во земјава е германскиот министер за Европа Михаел Рот. 

Аеросолизација за намалување на загадувањето на воздухот во Kуманово

Од Oпштината Kуманово најавуваат дека од утре ќе започнат со аеросолно запрашување, за да се намали загадување на воздухот во централното градско подрачје.

Со оваа постапка ќе бидат опфатени улиците: „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „Народна револуција“ и „Октомвриска револуција“, каде концентрацијата на ПМ10 честичките е најголема.

МВР: Груевски е во Будимпешта, се распиша меѓународна потерница

Никола Груевски избега во Унгарија, а МВР по него распиша меѓународна потерница. Информацијата дека екс премиерот е во Будемпешта ја објави самиот Груевски, а официјална потрврда за тоа стигна доцна попладнево.

И официјално експремиерот Никола Груевски е избеган во Унгарија. Потврдата стигна и МВР од каде преку службени канали добиле потврда дека Груевски се наоѓа во Будимпешта каде што побарал азил. 

,,По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил.

По ова се очекува според процедурите да биде распишана и меѓународна потерница по сега веќе бегалецот Никола Груевски. Информацијата дека се наоѓа во Будимпешта ја објави тој самиот на Фејсбук со образложение дека добивал голем број закани по неговиот живот. Поради неговото бегство во МНР на разговор беше повикан и унгарскиот амбасадор во земјава Ласло Дукс. Според МНР било кажано дека Македонија е цврсто определена за градење на правна држава и силна борба против организираниот криминал и корупцијата вклучувајќи ги и највисоките нивоа.

Инаку, денеска МВР, СЈО и Кривичниот суд си ја префрлаат топката за тоа кој е виновен или кој направил пропуст за бегството на експремиерот.

Министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски во „Само вистина“

Спасовски во,, Само вистина“:  Груевски  ја поминал границата преку илегален премин- сопругата  и мајката на Груевски се во Македонија

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по екс премиерот Никола Груевски , за кого се потврди дека бил во Република Унгарија во Будимпешта каде денеска поднесол и барање за азил. Полициското обезбедување последен пат со Груевски се виделе во четвртокот вечерта  во 23 часот и триесет минути .

Кога заминал во Унгарија, како било организирано бегството од кого имал логистика дали е вклучена некоја странска земја, се прашања на кои деновиве ќе работи МВР. Она што е извесно, вели Министерот Оливер Спасовски во ,, Само Вистина“ е дека на легалните премини нема излегување на лицето Никола Груевски , веројатно тоа е направено на  некој илегален премин  во таа зелена зона на границата каде чувањето не е патролно и херметички. Тоа се оние премини кои ги користат мигрантите при илегалните поминувања. Спасовски исклучи можност бегството да е направено по воздушен пат. Факт е дека имал поддршка од обезбедувањето и истражуваме кој ја дал таа поддршка, но не исклучи можност таа да е дадена и од дел на некои луѓе на ВМРО ДПМНЕ. Министерот за внатрешни работи соопшти дека бил обавен разговор со мајка му и со сопругата која дозволила полицијата да провери дека не е дома а и двете се во Р. Македонија.

Погледајте го целото интервју во кое Спасовски говори и за можноста за екстрадиција и за тоа дали барањето на азил може да ја оддолжи испораката на Груевски,ако дозволат властите на Унгарија и премиерот Орбан со кој Груевски имал добри односи.

притисни ентер