На Филипини и југоисточна Азија им се закануваат два тајфуни

Околу 12.000 луѓе се евакуирани на Филипини поради тајфунот „Мангхут“ кој е значително посилен од ураганот „Флоренс“ кој му се заканува на источниот брег на САД.

Повеќе од четири милиони луѓе на Филипините се наоѓаат на траекторијата на деструктивниот тајфунски ветар кој го предизвикува супер тајфунот „Мангхут“. Оваа силна бура може да се спореди со ураган од петта категорија поради ветровите кои дуваат со 285 километри на час.

Земјите од југоисточна Азија издадоа предупредувања и наредија евакуација и поради „Мангхут“, но и поради тајфунот „Баријат“ кој исто така го погоди овој дел на светот.

Според моменталните проценки, оваа бура би можела да се израмни по јачина со супер тајфунот „Хаијан“ во кој во 2013 година загинаа 6.000 луѓе на Филипини.

Најтешкиот бран од бурата ќе ги зафати Хонг Конг и Макау, градови кои моментално се наоѓаат на нејзиниот пат. Според моменталните проекции, Мангхут би можело да биде еден од најсилните тајфуни кои го погодиле овој град во последните шест децении.

Петмина застрелани , меѓу нив и девојче во престрелка во САД (ВИДЕО)

Во пукотница во градот Сиракуза , во државата Њујорк се ранети пет лица , меѓу кои и девојче.

Девојче на возраст од 8 години е рането и пренесено во болница по пукотниците во гратчето Сиракуза во државата Њујорк. Пукотниците се случиле за време на помен за починат , кога од другата страна на улицата непознато лице почнало да пука по госитите.

Повредените се на возраст од 8 до 35 години и ниеден од нив не е во животно загрозувачка состојба . Полицијата трага по напаѓачот.

Уапсен маж - се обидел да украде патнички авион

Пилот на обука е уапсен запшто се обидел да украде патнички авион во американската држава Флорида.

Полицијата го упасила мажот на обука , кој се обидел да украде патнички авион на меѓународниот аеродром Талахаси во Флорида.

Според портпаролката на аеродромот ,,Орландо- Мелбурн” , Лори Букер, антитерористички специјалци го истражуваат овој случај и се обидуваат да го откријат мотивот за крадење на патничкиот авион.

Исклучени од сообраќај 57 возачи во Скопје

Вкупно 57 возачи се исклучени од сообраќај затоа што се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, други тројца поради управување возило под дејство на алкохол, а други 12 без сообраќајна дозвола.

СВР Скопје денеска соопшти дека по преземените мерки и активности вчера на подрачјето на град Скопје од сообраќај се исклучени и осум нерегистрирани возила. Пајакот подигнал 59 возила.

Во текот на вчерашниот ден се случиле и вкупно девет сообраќајки, при што е причинета материјална штета во три, а со лесни телесни повреди се здобиле осум лица. 

СВР СКопје информира дека се преземени мерки и за 21 пешак, кои кои поминале коловоз вон пешачки премин 21 и за шест други кои поминале коловоз на црвено светло

притисни ентер